Нова веб-страница со нов изглед и подобрена функционалност: www.loto.mk

Наскоро онлајн-уплата за ЛОТО 7 и Џокер на Државна лотарија

Државна лотарија на свое големо задоволство најавува дека подготви нов изглед на добро познатата веб-страница www.loto.mk, која доби нова подобрена функционалност и најважно од се’, наскоро ќе се претвори во постојано отворен канал за учество во игрите на среќа ЛОТО 7 и ЏОКЕР.

Веќе подолг временски период, тимот на Државна лотарија напорно работи на приближување на можноста за учество во игрите на среќа до граѓаните ширум земјата. Едновремено со збогатување на портфолиото игри на среќа и зголемувањето на бројот на уплатно-исплатни места, како членка на Европската асоцијација на лотарии, внесе голем број новини по углед на државните лотарии на Европа.

Овој пат, нашата лотарија е подготвена да одговори на предизвикот и барањата на новото време и преку својата нова веб-страница да овозможи учество во игрите на среќа, кои ги приредуваме.

Овој сериозен проект веќе може да се види со клик на www.loto.mk.

Новата веб-страница, која е со нов изглед и нова функционалност, ќе понуди многу новини и информации за играчите на игрите на среќа, чиј приредувач е Државна лотарија.

Играчите што сакаат да продолжат да уплаќаат на своите среќни места, на новата веб-страница поедноставно ќе доаѓаат до резултатите и поедноставно ќе проверуваат добивки. А оние кои досега не учествуваа во игрите на среќа Лото и Џокер заради немање време за чекање на продажно место, наскоро ќе добијат свое мобилно среќно место и ќе можат да се вклучат во игра од каде било и во кое било време.

Се зајакна и тимот на контакт-центарот, кој веќе почна да работи со ново, продолжено работно време: од 8:00 – 22:00 од понеделник до сабота, а во неделите од 8:00 до 16:00.

Покрај досегашниот телефонски број на контакт-центарот: 02 323 7777 и е-мејл адресата helpdesk@loto.mk, додаден е и број на Вибер за корисниците на мобилната телефонија 076 313 052.

Наскоро, наместо да барате продажно место, наместо да чекате во редот за уплата на Лото 7 и Џокер, можноста за учество во игрите на среќа на Државна лотарија ќе ви биде достапна во вашиот дом, во вашето омилено кафуле, на пауза во канцеларија, на вашата автобуска постојка и насекаде каде што сте онлајн.

Новата веб-страница ќе ги содржи сите информации и за преостанатите игри на среќа, како инстант-лотаријата и електронските игри КЕНО и Среќни топчиња.

Пред да го објавиме официјалното отворање на можноста за онлајн-уплата за учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, Ве покануваме да ја посетите www.loto.mk.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.