Нова празнична понуда за остварување на сите желби

Осигурување смартфон за само 1 денар, за опуштена и безгрижна комуникација

20 GB мобилен интернет за корисниците на Magenta 1 M и Smart M тарифните модели

Во пресрет на Новогодишните празници, Македонски Телеком го збогати Magenta 1 и Smart портфолиото со нови поволности за целото семејство, овозможувајќи им на корисниците остварување на своите желби за нови уреди и побогата комуникација со своите најблиски.Специјално за празниците, корисниците наMagenta 1 M и Smart Mтарифните модели добиваат промотивни 20 GB мобилен интернет, како и 16.000 денари празничен бонус за купување уреди за две М линии. Промотивен интернет сообраќај добиваат и останатите Smart и Мagenta 1 тарифи. Дополнително, корисниците можат да уживаат во најдобрата дигитална телевизијаMaxTV,најстабилниот интернет за дома и два постпејд броја со неограничени разговoри.

За уште подобро корисничко искуство, новата празнична понуда на Телеком вклучува и осигурување смартфон за само 1 денар, со штона корисниците им се овозможува опуштена ибезгрижна комуникација. Промотивното осигурување важи за период од 2 години и се однесува за секој нов телефон купен со Доверба 24 или договор за Фамилијарен буџет во Magenta 1 M и Magenta 1 L тарифите. Осигурувањето се активира преку Телеком МК апликацијата, најдоцна пет дена од купување на телефонот.

Со промотивниот бонус од 16.000 денари за две линии во Magenta 1 M со договор за Фамилијарен буџет, корисниците имаат голема понуда на уреди и ќе можат да набават смартфони по одлични празнични цени, почнувајќи од 1 денар. Овие празници, покрај понудата на телефони, корисниците можат да се подноват и со нов телевизор по промотивна цена и да добијат прочистувач за воздух.

„Интернетот и технологијата се движечката сила во динамичното секојдневие, а нивната употреба се зголемува од ден на ден. Затоа, при креирањето на понудите секогаш се трудиме Телеком корисниците да добијат повеќе вредност од нашите услуги. Во новата празнична понуда, покрај двојниот интернет сообраќај и уреди по промотивни цени, сега вклучуваме и осигурување наситенови смартфони во текот на цели 24 месеци.Исто така,преку Телеком МК апликацијата на едноставен начин сите наши постпејд корисници можат да активират 10 GB интернет месечно, а ТВ корисниците да активираат HBO и Sport HD пакет бесплатно“, вели Бранко Станчев, главен комерцијален директор за приватни корисници во Македонски Телеком.

Празничната Телеком понуда е најдобриот посакуван семеен подарок кој ги остварува сите комуникациски потреби и желби на семејството, коишто за време на празничните денови ќе можат заедно да уживаат и да споделуваат мигови вредни за паметење. Промотивната понуда е ограничена, а повеќе детали можат да се најдат на www.telekom.mk.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.