Невидливи ортодонтски третмани

Убавата насмевка зборува за вас повеќе од било која друга физичка особина

Насмевката е првата работа која луѓето околу Вас ја забележуваат, а ако е убава Ви дава самодоверба и влијае на поотворена и подобра комуникација со другите.

Замислете ги сите добри промени кои поблескавата, атрактивна насмевка би можела
да Ви ги донесе и на Вас. Поради зголемено побарувањето за ортодонтски третман кај возрасната популација развиени се современи методи, материјали и техники на работа кои овозможуваат естетските цели да бидат постигнати за краток период и со поголем степен на комфор. Нашите пациенти ги уживаат придобивките на убавата насмевка без метален сјај во устата.

Како до насмевка за која сонувате?

По анализа на насмевката и загризот на пациентот му се нудат 2 решенија:

ЛИНГВАЛНИ ПРОТЕЗИ

Лингвалните протези се составени од метални копчиња залепени на внатрешната страна од забите и жици кои ги поврзуваат во една целина. Системот кој ние го користиме дава брзи резултати, брза адаптација и не го пореметува говорот. Лингвалните протези не се видливи за околината. Вие си продолжувате со секојдневните обврски без никој да забележи дека носите ортодонтски апарат, освен ако не го покажете, постои помал ризик од појава на бели дамки и расипување на забите.

Добри кандидати за лингвални протези се:

  • Адолесценти и возрасни,
  • Спортисти кои се занимаваат со контактни спортови,
  • Јавни личности и други кои сакаат атрактивна насмевка без метален сјај во
    устата.

АЛАЈНЕРИ

Алајнери се прозирни пластични тенки фолии кои се поставуваат врз забите. Третманот со истите претставува тренд во модерната ортодонција. Особено во терапијата на возрасни пациенти овој концепт е докажан како успешен со
високо ниво на комфор. Предности на терапијата со алајнери:

  • ефективни третманот дава прецизни резулати за кратко време
  • подвижни многу лесно се вадат за јадење и четкање на забите
  • транспарентни невидливи при зборување и смеење
  • комфорни мазни тенки не иритираат како присуство на брекети и жици
  • економични Во многу случаи терапијата може да биде поекономична
    од други ортодонтски третмани.

Третманот се одвива во 4 чекори: консултација, земање на отисоци, дигитална анализа, план на терапија и изработка на алајнери.

Сертифицираниот тим на Бисер Дент Ви нуди невидливи ортодонтски третмани дизајнирани за различни возрасни групи. Тимот на Бисер дент ќе Ви одреди кој третман е најповолен за Вас и ќе Ви озможи да заблескате со
нова и атрактивна насмевка.

Д-р Александра Подолешова, специјалист по ортодонција
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.