Не пропуштајте! Производите Оrigins денеска ќе бидат со специјален попуст од 15% проценти

Origins постигнува рамнотежа и ја прикажува двојната страна на природата, рамнотежата на сè што постои (јинг и јанг)

Вчера, со почеток во 20 часот, се одржа официјалната промоција на брендот Origins, кој ексклузивно ќе го има во дрогериите Космо Тинекс во ТЦ Зебра и во Сити мол.

На присутните гости, меѓу кои беа македoнските инфлуенсери, медиуми и ВИП-клиенти на Космо, се обрати Глорија Мапилеле Тодоровиќ, ексклузивен едукатор за козметиката Origins.

Приказната на Origins започнува во 1988 година со визија на Леонард Лаудер за создавање прв бренд за нега на кожа базиран исклучиво на природни состојки, кои со помош на напредната технологија и науката, ќе овозможат безбедни и високо ефикасни производи.

На почетокот, постоел само Project 250, а вистинскиот назив на брендот е креиран во 1990 година. Самото име Origins кажува многу за брендот, односно за „потеклото“ и „создавањето“ на планетата Земја, за поврзaноста на природата и човекот, за древното и модерното, брендот се зајакнува благодарение на науката. Првото продажно место на брендот е отворено во 1990 година во „Хародс“, во Лондон.

Origins постигнува рамнотежа и ја прикажува двојната страна на природата, рамнотежата на сè што постои (јинг и јанг).

Слоганот на брендот е:

Origins е бренд за нега на кожа посветен на општото добро, на нашето и на планетата Земја, a предноста е тоа што сакаме да покажеме на сите сè што работиме – од формула, до пакување и создавање на растенијата“.

Origins од првиот ден е во постојана потрага по нови состојки и инспирација која ја црпи од природата. Нуди богата текстура збогатена со мириси на чиста природа кои ги создаваат есенцијалните масла за холистичко искуство во корист на духот, умот и телото.

Производите не содржат парабен, фолати, минерални масла, пропиленгликол, вазелин, парафин, DEA и состојки од животинско потекло. Пакувањата се минималистички, пријателски настроени кон околината (направени се од биоразградлива хартија).

Соработката на брендот е исклучиво само со производители на состојки и фабрики кои гарантираат и поседуваат сертификат за минимално емитување на јаглерод диоксид во атмосферата и каде што производството се врши со помош на природни  извори на ветер, вода и сонце. Во согласност со природата, Origins зема од неа, но исто така и активно ја обновува на тој начин што досега има засадено околу 600 000 дрвја и млади стебла ширум светот.

Оrigins се состои од 9 клучни линии на производи кои се вклопуваат во класичната нега на кожа, како што дехидратација, сив и уморен тен, стареење, проширени пори, масна кожа и склоност на акни, а има исклучително ефикасна линија на смирување на чувствителна кожа склона на црвенила.

Исто така, во овој прекрасен бренд можете да пронајдете производи кои не смеете да ги заобиколите, како што се High-Potency Night-A-Mins™ Resurfacing Cream со AХA-овошни киселини, пилинг за лице Never A Dull Moment, збогатен со семе од манго, кајсија или нежно масло за чистење на лицето Clean Energy кое содржи екстракт од маслинка и сончоглед со арома на есенцијални масла за будење на енергијата, портокал, грејпфрут и лимон.

Бестселер на брендот е линијата Ginzing и маската за лице која воедно е и заштитен знак на брендот, Clear Impoverment Active Charcoal, која е наменета за длабинско чистење на кожата и во моментов е маска број 1 во Америка.

Текст и фото: ПР

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.