Природна нега на кожа: Фила сапуни со ладно цедени масла

Се што ни е потребно за негувана и здрава кожа е вистински сапун и вода!

Кожата е нашиот најголем орган! Најголем, но за жал и најчесто потценуван како помалку важен од другите. Денес, повеќе од било кога, живееме во ера на парфеми и неверојатно голем избор на производи за нега и грижа за кожата, но реалноста, односно големиот број на инфекции, иритации и други состојби на нарушено здравје на кожата, и воопшто намалено севкупно здравје го потврдува спротивното.

Сапун од чиа

Во таа состојба неминовно се наметнува прашањето, каде грешиме. На сите тие модерни пенливи купки, гелови на тело, антибактериски сапуни и миризливи лосиони достапни за секој џеб и сечиј вкус, ние сепак не знаеме како правилно да се грижиме и да ја негуваме нашата кожа. Па, каде лежи проблемот?

Сапун од лен

Кожата како орган, не служи само за топлинска изолација и регулација, или за заштита на телото и внатрешните органи од штетни надворешни влијанија. Истата е важен дел од нашиот сензорен и имун систем, неопходна е за синтеза на витаминот Д кој е клучен за одржување на имунитетот и други витални физиолошки процеси во организмот, важна е за детоксикација и елиминација на многу штетни метаболни продукти и така натаму.

Но денес сите ние некако повеќе се поведуваме од прекрасната миризба или приказната која ја кажуваат рекламите за производи за нега и хигиена на кожа, отколку што умееме да ги препознаеме вистинските состојки кои се неопходни за нега на кожата или да му веруваме на сопственото чувство и допир.

Сапун од сусам

Затоа, кога станува збор за одржување на здравјето на кожата, со сигурност можеме да кажеме дека помалку е повеќе, а природното е подобро. Најпознатите и најсофистицирани козметички и спа центри центри во светот и најдобрите козметички линии се враќаат кон употребата на мал број внимателно одбрани природни состојки со докажано дејство на нега и заштита на кожата.

Најдобар пример за тоа се природните сапуни на АГРОФИЛА, направени со ладно цедени масла од семиња, мелени семиња и други билни масла и екстракти кои содржат моќни биоактивни молекули со докажано и ефикасно дејство за нега и убавина на кожата.

Сапун од тиква

Што се ладно цедени масла?

Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семки на различни видови растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи сосотојки и се одликуваат со мирисот и вкусот на самотот семе од кое се произведени.

Тоа се нерафинирани, хемиски и термички неттретирани масла, кои изобилуваат со незаситени есенцијални масни киселини, витамин Е, провитамини, лецитини, фитостероли, минерали и други сосотојки исклучително корисни за здравјето на луѓето.

Сапун од црно семе
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.