Мелина Милески: „Бидете убави секој ден и неодоливи цел живот!“

Три децении партнери на убавината

„Многу сме селективни во изборот на технологијата на работа. Или ќе биде најдоброто или воопшто нема да биде. Инстант убавина за еден ден, па лекување на последиците цел живот не ни е потребно“

Триесет години постоење, 30 години искуство, професионализам, перфекционизам во областа на убавината и лојалност кон клиентите. За овој голем јубилеј разговаравме со Мелина Милески, сопственичка на салонот за убавина „Силуете“.

Како почна приказната за „Силуете“ и колку беше тешко низ годините секогаш да се биде лидер на пазарот?

Петнаесетти мај 1990 година е судбоносниот датум, кога како семеен бизнис јас и мајка ми ја започнавме тогаш навистина атрактивната и ексклузивна приказна наречена „Силуете“.

Имавме голема амбиција, да создадеме нешто што ќе направи револуција на полето на убавината и ќе ги усреќи жените во Македонија. Многу брзо нашата амбиција ја препознаа не само жените во Македонија туку и во регионот.

Тогаш си ветивме дека ќе продолжиме да го трасираме патот на нашата семејна компанија како први во сѐ, најдобри во сѐ. И ете, веќе 30 години никако не отстапуваме од целта, да им го направиме животот на нашите клиенти поубав, а нив – најубави.

Дали вашите клиенти сметаат на најголемите иновации и трендови во индустријата на убавина?

Нашите клиенти едноставно ни веруваат. Сепак, во прашање се 30 години искуство. Немало тренд или иновација во светот што не сме им ја овозможиле. Но последниве години и во оваа наша индустрија во служба на убавината се појавија многу небезбедни процедури за лице и за тело пред кои ние отстапивме, за да го заштитиме здравјето на нашите клиенти. Многу сме селективни во изборот на технологијата на работа.

Или ќе биде најдоброто или воопшто нема да биде. Инстант убавина за еден ден, па лекување на последиците цел живот не ни е потребно. Тоа што го гледаме секојдневно како лош резултат на модерната бескомпромисна кампања да се врати младоста само за еден ден, дефинитивно ни потврдува дека не сме погрешиле во одлуката.

Според вас, на кој сегмент од работењето најмногу се должи големиот успех на салонот сите овие години?

За секој долгогодишен успех, каков што е и нашиот, освен добра идеја и добар план, потребни се многу љубов, посветеност, упорност, истрајност, желба… Ништо не е случајно! Сѐ треба да се одмери и постави на вистинското место.

И самата сте синоним за убава и негувана жена, колку во тоа ви помогнаа третманите во вашиот салон?

Има ли нешто поубаво од жена што знае дека е убава? Од жена што се чувствува добро во својата кожа? Кога се сакате себеси, тогаш сте најубави! Клучот на убавината и задоволството се во самодовербата!

За сѐ друго постои навистина совршена технологија, која и јас ја практикувам редовно, и тоа најпрво на себе, како тест, пред да им препорачам што било на нашите клиенти. Така што бидете сигурни дека сѐ е испробано од прва рака, а резултатот, како што велите и вие, е очигледен.

Текст и фото: ПР, приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.