Лето без комарци? Можно е со Raid и Autan Family Care!

Пред да ја спакувате летната торба, покрај очилата за сонце, костимот за капење и омилената книга, не заборавајте да понесете и добра заштита од комарци

Има нешто магично во летните вечери – мирисот на природата, долгите разговори на тераса, кампувањето под ѕвездите или прошетките покрај езеро. Единствените непоканети гости кои секоја година се обидуваат да ни го расипат уживањето се комарците.

Освен што нивните убоди се непријатни, тие можат да предизвикаат чешање и иритација, па затоа добрата заштита треба да биде дел од секоја летна рутина – исто како кремот со заштитен фактор или шишето со вода.

За безгрижно уживање на отворено, Autan Family Care спрејот обезбедува сигурна заштита од комарци и е практичен избор за прошетки, патувања, пикници и сите летни авантури со семејството и пријателите.

А кога ќе се вратите дома, не дозволувајте комарците да ви го нарушат мирниот сон. Raid електричниот уред со течност нуди брза и ефикасна заштита во затворен простор, за ноќите да останат тивки и без досадно зуење.

Затоа, пред да ја спакувате летната торба, покрај очилата за сонце, костимот за капење и омилената книга, не заборавајте да понесете и добра заштита од комарци. Така, единствените спомени што ќе ги понесете од летото ќе бидат убавите.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе