Lancôme ни порачува дека среќата ни се наоѓа на патот со новите козметички производи на брендот

#DeclaringHappiness

Козметичката куќа Lancôme нè одведе во светот на среќата и ни порача да бидеме среќни

Минатата недела ресторанот Four во хотелот Парк блесна во розови и бели нијанси благодарение на брендот Lancome кој ги претстави новите козметички производи на брендот преку мотото #DeclaringHappiness.

Ивана Лисак, национален шминкер на брендот за Југоисточна Европа ги претстави новитетите и им порача на жените да бидат задоволни со себе и да ја нагласат својата убавина со производите на Lancome кои слободно можеме да ги наречеме олицетворенија на среќата: парфемот La Vie Est Belle L’eclat, хидратантниот крем за лице Skin Feels Good, прајмерот за трепки Cils Booster и маскарата Hypnose,  како и новата интерпретација на течниот кармин L’Absolu Lacquer. Не треба да се изостават ниту серумите од линијата Génifique и новата маска Advanced Génifique Hydrogel Melting Mask.

Организацијата на целиот настан беше беспрекорна, а јаготка на шлагот беше можноста што им се понуди на сите присутни гости да напишат свои пораки за среќа и да си ги посакаат најдлабоките желби преку балончиња кои создадоа незаборавна слика додека здружени во една целина се вивнуваа кон ѕвезденото небо.

Редакцијата на магазинот „Убавина и здравје“

Со оваа прекрасна дружба, Lancome уште еднаш докажа дека ја гради својата филозофија врз темелите на среќата и убавината уште од основањето на брендот во 1935 година.

Во продолжение прочитајте нешто повеќе за новитетите на Lancome…

Lancôme La Vie Est Belle L’eclat Eau De Toilett

Најдобрите парфимерии Dominique Ropion и Anne Flipo се одговорни за креирање на најновата мирисна дефиниција за среќа и радост – тоалетната вода L’Éclat. Новото поглавје за среќа истражува уште еден миризлив аспект на портокалово дрво – нероли.

LancômeL’Absolu Lacquer

Lancôme ни ја претставував новата реинтепретација на течниот кармин – L’Absolu Lacquer, кој ни нуди богата палета од дури 18 бои со различен интензитет и вибрантно блескав финиш. Палетата покрива голем спектар на бои и тоа од „nude” розеви, заводлива фуксија боја, силна црвена па сè до екстра интензивна нијанса на црвено вино.

Lancôme Skin Feels Good

Lancôme Skin Feels Good e хидратантна тонирана крема за лице која овозможува природен изглед без шминка, интуиран со состојки кои ја сакаат кожата, и кои и овозможуваат природна чиста покривност.

Hypnôse & Cils Booster

Озборуваат многу за жената… Токму поради тоа Lancôme одлучи да го преточи своето стручно знаење во областа на декоративната козметика за креирање изглед на очите по мерка. Првиот чекор е постигнување совршени трепки! Hypnôse, култната маскара чиј заштитен знак е розата, и Cils Booster, прајмер (база за маскарата) со единствената формула за нагласување и раст на трепките, сега се враќаат во ново практично издание за неверојатен изглед со интензитет по желба.

       

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време