LANCÔME им го посветува парфемот IDÔLE на моќните и самоуверени жени

IDÔLE: повеќе од име, мото кое обединува

На секоја жена која одлучно и моќно чекори низ животот, која останува на патот на оптимизмот и самодовербата, која одбива компромис и секогаш останува верна на себеси, која е одлучна и во потполност го живее својот живот, која ги гледа своите успеси како средство, а не како цел, која поместува граници и која го создава светот на иднината:

LANCÔME ГО ПОСВЕТУВА IDÔLE.

„2019. Светот минува низ длабоки промени.

Картите се мешаат. Нова генерација на жени го испитуваат статус кво-то, се ослободуваат од традицииате и одново го дефинираат значењето на успехот. Дигиталната револуција инспирираше поместувањево нашето општество, далеку од старите модели на успех, со цел да можат да се појават нови, инспиративни пионерски фигури.

Овие водачи се многу повеќе од пример кој треба го следат жените. Тие го изразуваат апсолутното уверување дека секоја жена има моќ да го промени светот преку одлучно чекорење кон сопствениот сон.

За да го промените светот, најпрво морате да се промените себеси.

Да ги поместите сопствените граници.

Поттикнати од нови модели на успех, жените поинаку гледаат на сопствените амбиции. Старитешеми за достигнувње, се заменети со остварувањето на успехот според сопствените правила, кои сте ги создале сами, и за себеси. Но, и за другите.

Колективнa и поволнa за сите жени, оваа нова самодоверба ги поттикнува на тоа да го подигнат скалилото малку повеќе секој пат. Подалеку. Посилно.

Lancôme го замисли својот одличен нов мирис во будењето на оваа современа женственост. Lancôme го следи својот сон: да ги слави жените и да ги придружува во патот кон среќата.

Бидејќи низ историјата жените продолжиле да се менуваат, повторно да се откриваат себеси, брендот продолжил да ја следи нивната еволуција и да остане колку што може поблиску до нивните желби и стремежи.

Се обликува нова визија на успехот.

Idôle е мирис на женственост која освојува.“– Françoise Lehmann, глобална претставничка на брендот

IDÔLE: повеќе од име, мото кое обединува

Idôle. Токму во сопственото наследство, Lancôme го пронајде името на својот нов женски парфем. Овој збор, присутен во светот на брендот веќе неколку децении, стана очигледен. Со овој избор, брендот гордо ја потврдува својата врска со себе, и полага право на својата приказна за испишување на иднината.

Затоа што во секоја жена постои идол и затоа што секоја жена е идол, Idôle e мото кое обединува. Име кое оддекнува, сега повеќе од кога и да било, уникатна сила. Покана да верувате во себе, да се надминете себеси, да пробиете нов сопствен пат.

IDÔLE, моќен тотем

Многу технички постигнувања и иновации се направени врз основа на уверувањето дека невозможното е само можност која чека да биде постигната..

Шишенцето на парфемот Idôle е најтенко на светот со своите 15мм дебелина.

Оваа финеса ја нагласува неговата строга геометриска структура и идеалните пропорции. Лесно е за ракување. Дланката веднаш се прилагодува на него, како отсекогаш да и било познато. Инспирирано од држењето на предметот кој никогаш не го пуштаме од раце. Шишенце лесно како привидност. Стаклените површини се толку тенки, што се чини како мирисот да лебди на дланката. Емоционален стисок. Магично чувство. Без преседан.

Шишенцето на Idôle е повеќе од постигнување, тоа е симбол.

Симбол на смелост.

Симбол на одлучност.

Симбол на обврзаност.

IDÔLE, за жените од новата ера

ЧИСТОТАТА, НОВАТА ЗАВИСНОСТА НА ИДНИНАТА

Lancôme се проширува на нова територија, создавајќи ја новата зависност на иднината, кој се до денес останува неистражена: „чистина. „Чистото, поле со мириси на освежувачка чистота, се наоѓа онаму каде се среќаваат благосостојбата и утехата. Како недопрена територија која содржи неограничени ветувања и можности, „чистое мирисен превод за бели страници на кои секоја жена може да ја испише својата приказна.

Создавање на IDÔLE, женствена авантура

Како колективен изум, Idôle се појавува благодарение на комбинација од три таленти. Три женски парфимери од три континенти. Три различни животни патишта, три сензибилитети, три карактери. Една љубов спрема мирисите. Споени од желбата за создавање нова, универзална зависност, Shyamala Maisondieu, Nadège Le Garlantezec и Adriana Medina работеа заедно со цел да го создадат потписот на Idôle, базиран на неговата оригинална чиста нота. Комбинирајќи дисциплина и интуиција, секоја од нив даде сопствен придонес во единственоста на потписот на овој мирис.

Розата на IDÔLE, симбол на посветеноста на Lancôme

Блескајќи во срцевината наIdôle, цветната нота ја илустрира посветеноста на брендот Lancôme, парфимерска куќа која е одлучна во поместувањето на границите на парфимерската индустрија.Во парфимерскиот свет, кој често се смета за нетранспарентен, Lancôme се гордее со транспарентноста и можноста за следење на состојките во своите формули. Одбиваме компромиси кога се работи за квалитетот на мирисот на нашите креации и заштитата на природните ресурси и луѓето кои ги произведуваат.

ЛИВЧИЊА ОД РОЗА ОД ИСПАРТА (ТУРЦИЈА)

Одгледана во колевката за производство на рози во Турција, овој екстракт е создаден ексклузивно за Lancôme. Тој ја зголемува освежувачката, зелената страна на цветот, што придонесува за блескавата природна експресија на Idôle. Lancôme ја поддржува оваа фамилијарна индустрија со тоа што помага да се подобрат практиките во агрокултурата и условите за работа, преку помагањето во стекнувањето сертификат за „праведна трговија“.

Проектот исто така им помага на жените кои работат во неговото производство, да бидат препознаени за својот придонес.

IDÔLE ги отелотворува идеалите на нов свет низ сите чекори од неговото произведување, од цветните полиња до неговиот екосистем.

Во продолжение погледнете како беше претставен мирисот IDÔLE  во Вила Веранда во присуство на гости од светот на медиумите, модата, инфлуенсери и деловни партнери кои во пријатна и позитивна атмосфера имаа можност да го испробаат новиот парфем кој ги помести сите граници и апсолутно ги воодушеви присутните.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.