Кожа без недостатоци – пристигна HYDRAFACIAL!

Ексклузивно во одделот за естетска дерматологија при Жан Митрев Клиник сега достапни третманите со Hydrafacial

Што претставува Hydrafacial?

Hydrafacial e третман кој се користи во медицинските центри за естетика и дерматолошките ординации, и е уште познат како “хидродермоабразија”. Истиот се состои од неколку чекори, а се изведува сo помош на единствената патентирана ”вортекс” технологија, достапна само кај HydraFacial MD медицинскиот апарат. Самите механички апликатори кои се користат при оваа метода, специјални за ова намена, се одбираат согласно типот  на кожа и проблематиката која ја има пациентот. Она што го прави овој третман единствен е тоа што истовремено комбинира чистење на кожата, пилинг (ексфолијација), екстракција и хидратација со антиоксидативна заштита што резултира со блескава и сјајна кожа веднаш по третманот.

За разлика од класичната дермоабразија, нуди многу понежен пристап со истовремено вшмукување на нечистотиите од порите, при што симултано се вбризгуваат активни компоненти за навлажнување (хидратација), осветлување, измазнување како и за заштита на кожата. Целата постапка е неинвазивна и многу пријатна за клиентот.

Детали за третманот со Hydrafacial

Самиот третман вклучува три последователни чекори како дел од еден третман кој трае помеѓу 40-90 минути.

Фаза 1: Чистење +пилинг.  Ова е чекор на ремоделирање, измазнување на површината на кожата. Со помош на екфолијација се прави отстранување на мртвите клетки на површинскиот слој на кожата. Оваа метода е одамна позната по бенефитите за кожата кои вкчлучуваат осветлување, изедначување на тенот, отпушување на порите како и засилена создавање на нов колаген што е долгорочиен бенефит. Сето ова се постигнува со помош на механичкиот апликатор, комплетно безболно и нежно, благодарение токму на вортекс технологија J

Фаза 2: Екстракција +хидратација.  Овој чекор вклучува истовремено механичко чистење на порите и длабинско вбризгување на хидрирачки активни компоненти во длабоките слоеви на кожата. И повторно безболно, во исто време релаксирачко и опуштено искуство.

Фаза 3. Вбризгување+заштита (антиокс). Третманот завршува со длабинско вбризгување на “бустери” или серуми. Тие се прилагодени кон потребите на вашата кожа и можат да вклучат избледување на хиперпигментации, измазнување на фини линии, затегнување на опуштена кожа или намалување на проширени пори. Третманот се персонализира користејки ги овие “бустери” што е од огормна вредност кај пациентите, бидејќи добиваат единствен третман прилагоден за нивните проблеми.

Дали е HydraFacial за мене?

ДА! Секој може да го користи овој третман. Hydrafacial ги опфаќа сите старосни категории, типови на кожа и индикации. Погоден е за третирање на акни кај тинејџери, акни кај возрасни, масна проблематична кожа, проширени пори, ситни мимички линии, но и подлабоки брчки. Хиперпигментации кај повозрасна група на пациенти со кожа оштетена од прекумерно изложување на сонце како и дехидрирана кожа.

Третманите освен на кожата на лицето може да бидат применети и на кожата на скалпот и остатокот од телото.

Секако, доколку е потребно постои можност за заокружување на третманот со вклучување на лимфна дренажа за лице и тело како и употреба на специјализрани LED светилки. Лимфната дренажа нуди бенефити во поглед на детоксификација на кожата која е секојдневно изложена на бројни штетни фактори од околината, намалува воспаленија и оток. Додека пак LED светилките се користат да ја засилат функцијата на серумите, да ја подобрат микроциркулацијата и да делуваат антибактериски.

Важно!

Резултатот е видлив веднаш по третманот, кожата станува сјајна и блескава, мазна и со целокупно подобрен тонус и текстура. Самиот третман не е само quick fix,  напротив тој е наменет за да го подобри комплетниот изглед на кожата со тек на времето.

Hydrafacial третманите треба да ги изведува лиценциран доктор дерматолог кој зависно од потребите на пациентот дава препораки при изборот на тип на третман, а согласно протоколите за работа и за фреквенцијата на правење на третмани со цел постигнување на најдобри резултати.

Hydrafacial нуди три основни пакети за нега на лице: Signature, Deluxe и Platinum.

Но, и неколку специјализирани:

  • Keravive – третман наменет за скалпот, кој помага во решавање на разни проблеми со косата како што е опаѓањето или алопеција.
  • Perk eye – третман за регијата околу очите. Тој помага за намалување на темните кругови, отокот околу очите и го поттикнува измазнувањето на фините лини во очната регија
  • Perk lips – третман за ексфолијација и хидратација кој придонесува за истакнување на полноста на усните.

Занимливи факти:
  • На секои 15 секунди некаде во светот се изведува Hydrafacial третман.
  • Само минатата година беа изведени 2 милиони вакви третмани.
  • Македонија е една од 80 земји каде е достапен овој третман.

Телефон за информации и закажување: 02/3091-484
Веб-сајт: www.zmc.mk
Инстаграм: zanmitrevclinic

ФОТО И ТЕКСТ: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време