Колекцијата Star WarsTM x Pandora пристигна!

Силата нека биде со вас

Погледнете ја новата, долгоочекувана колекција Star WarsTM x Pandora

Новата колекција на Pandora инспирирана од серијалот филмови Star WarsTM ќе се најде во продажба во првата половина од октомври.

Изработен од 71% рециклирано сребро, накитот од оваа колекција се карактеризира со дизајн полн со детали при чија изработка особено внимание се посветува на одржливоста. Колекцијата им одава признание на филмовите Star Wars, нивните сакани ликови и симболи.

Белегзијата Star Wars со „змиска“ плетка и приврзокот Дарт Вејдер ги наговестуваат двата истакнати дизајни од новата колекција која е составена од 12 парчиња накит. Централниот дел на оваа белегзија е затворачот со гравура од легендарниот логотип на Star Wars.

Идеална е за нижење на приврзокот Дарт Вејдер, но и за сите други приврзоци инспирирани од прочуениот серијал филмови Star Wars.

Star Wars x Pandora колекцијата ја сочинува една белегзија со “змиска” плетка и 10 приврзоци, како и специјален приврзок за вистински колекционери. Како Вие ќе ја обележите страста кон филмскиот серијал на Star Wars? Овој октoмври, изборот е Ваш.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.