Кога храната е споделена, таа е вкусна. Кога победата е споделена, таа е послатка. А кога и двете се заедно, тогаш зборуваме за вистинско заедништво.
Храната го зближува семејството околу трпезата, спортот ја зближува нацијата околу знамето. А кога тие две емоции ќе се спојат не добиваме само спонзорство, туку приказна за припадност, заедништво и вистински човечки вредности. Токму таква е новата соработка помеѓу MAGGI и Ракометната федерација на Македонија.
Разговаравме со Рената Матусиновиќ, генерален директор за категорија храна за Југоисточна Европа во „Нестле“, жената која стои зад ова партнерство.
Зошто токму ракомет?
Ракометот не е само спорт во Македонија, тоа е емоција, енергија и чувство на припадност. Во исто време, MAGGI е дел од секојдневието на македонските семејства веќе повеќе од 20 години,а таму каде што се собира семејството, се дели оброк и љубов. Кога ќе ги споите тие две енергии, домашната трпеза и спортската сала, добивате приказна која ги обединува луѓето. Затоа изборот беше природен, ракометот ги носи истите вредности како и нашиот бренд: заедништво, топлина, поддршка.
Кoja е вашата приказна што ги поврзува храната и спортот?
Храната и спортот се моментите кога семејството се собира заедно, едниот за трпезата, другиот за трибините. Токму таа енергија на припадност и топлина сакавме да ја преточиме и во соработката со Ракометната федерација на Македонија.
Што за вас значи семеен оброк?
Тоа е наједноставниот, а сепак најмоќниот момент во денот. Не е важно дали има три јадења или само една чорба, важно е дека сме сите заедно. Оброкот е првиот чин на љубов што родителот му го дава на детето. Кога ќе седнеме на маса без телефони, без брзање, токму во тој момент ги учиме на вистинските вредности и создаваме малечка семејна традиција.
Може ли навистина да се поврзат храната и спортот?
Апсолутно. И двете создаваат заедништво. Спортот ја обединува нацијата, храната го обединува домот. И во двете постои тимска работа, било да се готви чорба со помош на децата или да се даде гол во последна секунда. И храната и спортот носат гордост, енергија и припадност.
Како Nestlé и MAGGI ја градат својата општествена одговорност?
Преку конкретни дела, не само зборови. Во Македонија сме партнер на Банката за храна, донираме, поддржуваме семејства и локални заедници. Со овој проект со РФМ, сакаме да поддржиме и спорт, и здрави навики, и семејни вредности. За нас општествената одговорност не е кампања, тоа е континуитет.
Како родителите можат да создадат здрави навики кај децата?
Со пример, не со зборови. Ако родителите седнат на маса, јадат домашно зготвена чорба, без телефони,тоа е лекција. Тоа е пример. Ако децата помагаат во готвењето, тие растат со љубопитност, не со одбивност кон здравата храна, кон домашната кујна. Храната мора да биде момент на поврзаност, не обврска. И токму тука се крие вистинската магија.
Како како жена лидер успевате да ја сочувате традицијата на домашен оброк?
Искрено, не успевам секој ден. Има долги денови, има службени патувања (затоа при рака секогаш ми се наоѓаат MAGGI нудлите 😊), nо се трудам. Супа со свеж зеленчук и MAGGI булјон може да се направи за 20 минути. Не е важна сложеноста, туку намерата. Понекогаш тајната состојка не е во готвењето со часови, туку во тоа дека сме сите на маса во исто време, а производите кои ги нуди MAGGI се токму тоа, брзи, едноставни, вкусни, а сепак здрави.
Што следува по ова партнерство?
Следуваат приказни. Вистински, човечки приказни, од спортските сали до кујните на семејствата. Ќе поддржуваме спорт, рецепти, едукација и проекти што ги поврзуваат децата, родителите и спортот. Ова не е еднократна акција, ова е почеток на поголемо движење каде храната и спортот се говорот на љубовта.
Текст и фото: ПР