Како најлесно да ги исчистите и ослободите горните дишни патишта?

Marisol Strong Jet и Marisol Jet се хипертонични спрееви за нос, на база на морска вода, природно богата со минерали, со потекло од заливот Канкал во Франција, прочуена по својот висок квалитет и исклучителната чистота. Претставуваат природен назален деконгестив кој овозможува механичко чистење и ослободување на горните дишни патишта, како и намалување на отокот на мукозните мембрани. Производите се без конзерванси, а со посебни технолошки постапки е овозможено најважните благотворни својства на природната морска вода да бидат целосно зачувани.

Marisol Strong Jet и Marisol Jet имаат силен деконгестивен ефект, благодарение на хипертоничните својства. Ја навлажнуваат и регенерираат назалната слузокожа, и со испирање ги отстранува алергените и честичките од надворешната средина, кои доведуваат до иритација. Ергономскиот апликатор овозможува едноставно и комфорно користење.

Процент на натриум-хлорид во нив е 2,2%.

Токму оваа концентрација на сол обезбедува моќен осмотски ефект, со кој се отстранува вишокот течности од слузницата на носот, и последователно се намалува отокот на назалната мукоза, што резултира со олеснето дишење. Исто така го поттикнуваат рефлексот на кашлање и исфрлање на секрет, со што се елиминира бронхијалната слуз и се намалува опструкцјата на респираторниот тракт.

Marisol Strong Jet е наменет за  деца од 3 години и возрасни.

Marisol Jet е погоден за примена кај бебиња веќе од 3 месеци и кај деца.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.