Како до беспрекорно совршена кожа?

Не ја прикривајте вашата природна убавина со слоеви шминка, употребете ги новите откритија на науката и технологијата и уживајте во убава кожа во секој период од денот!

Современото темпо на живот наметна и потреба за напредни пристапи кон негата на кожата, за одржување на нејзиното здравје и спречување на предвремено стареење. Така се разви неврокозметиката која овозможи внатрешно дејство на ниво на клетката за еден медицинско-естетски третман и нега на кожата. Тоа внатрешно дејство на ниво на клетка подоцна условува надворешен видлив естетски ефект.

Со помош на неврокозметиката се воспоставува повторна комуникација помеѓу клетките во кожата, поточно помеѓу невроните и фибробластите, имуните клетки, меланоцитите. На тој начин, таа не служи само како маска за недостатоците на кожата, туку делува длабински и го враќа нејзиниот природен баланс.

МОМЕНТАЛНО ДЕЈСТВО НА ПРИКРИВАЊЕ НА НЕСОВРШЕНОСТИТЕ

TAIVA NEW SKIN е крем кој ја открива тајната на постигнување на совршен изглед на кожата. Трансформацијата се јавува како резултат на био-мимичката состојка CORNEOSTICKER DS, која создава ефект на „нова кожа”. Нејзината иновативна хеликс структура ја отвара површината на кожата за инстантно да го прикрие и измазни „зрнестиот” изглед на кожата, ги намалува брчките и видливоста на порите, обезбедувајќи биомолекули кои ги поправаат подлабоките слоеви на кожата.

Оваа уникатна формула е лесна и остава кадифено мазен финиш и чувство на интензивна свежина веднаш по нејзиното нанесување. Со редовна употреба на кремите за 14 дена кожата е идеално измазнета, со матиран изглед и посветол и воедначен тен, а функцијата на површинскиот слој на клетките е целосно обновена, со што се постигнува ефект на “нова кожа”.

Благодарение на морските минерали во кремите New Skin:

  • проширените пори се намалуваат
  • се нормализира pH вредноста на кожата
  • се нормализира хидро-липидниот баланс
  • се обновува функцијата на кераноцитите (горниот слој на кожата)
  • се отстрануваат недостатоците на кожата, како на пример последици од акни
  • се губи масниот сјај на кожата

TAIVA New Skin колекцијата е наменета за употреба кај лица со комбиниран тип на кожа, кај кожа со последици од акни и кожа со изразено масен сјај на Т-зоната. Дејствата се клинички потврдени и производите се препорачани од дерматолозите. Не содржат силикони и парабени.

*Следете го Instagram профилот на Убавина и здравје, овој месец ќе имате можност да добиете подарок дневна и ноќна крема од линијата New Skin на TAIVA.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.