Како да зачекорите во вашето најдобро расположение

Пешачењето има толку многу физички и ментални придобивки, а сепак е една од најпотценетите форми на активност. Ајде да не биде така!

Во ова време со претежно седечка работа и во период кога спортските сали се затворени, може да биде токму она што ви треба за значително да ја подобрите вашата физичка активност и фит-форма. Само половина час на ден може да направи волшебство.

Еве неколку совети како да се „заразите“ со пешачење. (Текстот продолжува по огласот)

Направете распоред 

Ако сакате да го направите пешачењето навика, постојаноста е клучна. Започнете со 10 минути на ден во првата недела и додадете 10 минути секоја следна недела. Кога ќе ја постигнете вашата 30-минутна доза пешачење дневно, можете да го зголемите интензитетот и издржливоста, да чекорите побрзо и подолго. Ако сакате, можете да се предизвикате уште повеќе, на пример, да додадете тегови на глуждот или зглобот на вашите прошетки.

Пронајдете патеки на кои има и скали за да ви помогнат во тонирање на мускулите на нозете.

Зачленете се во клуб за пешачење

Групите или клубовите за пешачење стануваат сè попопуларни.

Членовите веројатно ќе ве охрабрат да пешачите, кога не се чувствувате мотивирани, ќе имате со кого да разговарате на прошетки, ќе истражувате нови патишта, па дури и ќе стекнувате пријатели.

Откријте дали постои клуб за пешачење во вашиот град и ако не, зошто не започнете свој?

Следете го вашиот напредок

Проверете колку долго и колку вкупно пешачите на крајот од вашата прва недела, или сами или преземете апликација за броење чекори на вашиот телефон. Потоа проверете повторно по втората недела. Или ќе бидете охрабрени од подобрувањето или ќе бидете охрабрени да направите подобар резултат следната недела.

Не грижете се, ако резултатите изгледаат бавни или ако некои недели се подобри од другите. Ова е сосема нормално, затоа немојте да бидете строги кон себе. Запомнете го тој познат цитат: „И патувањето од илјада милји започнува со само еден чекор“. Затоа, секој чекор е важен. Потоа, наградете се себеси, уживајте во шолја кафе или земете парче чоколадна торта на крајот на неделата!

Направете го пешачењето забавно

На почетокот пешачењето веројатно ќе ви предизвикува нелагодност или напор. Ако се случи тоа, обидете се да внесете забава во тоа. Повикајте пријател за време на прошетката. Слушајте музика. Појдете по друг пат. Зошто некогаш да не прошетате до музеј и да ја видите најновата поставка? Земете фотоапарат со вас и вежбајте ги своите вештини за фотографирање.

Може дури и да научите нов јазик; ставете слушалки и превземете некоја бесплатна апликација за учење Шпански, Италијански на пример. Или пешачете по различни текстури. Ова дури и ќе ги раздвижи вашите мали мускули на стапалата, па променете го теренот на некои прошетки, од одење по трева, по корени на дрвја во шума, до одење по бетон и павер елементи.

Завршете ги обврските додека пешачите

Дали вообичаено возите до банка или до супермаркет? Обидете се да го направите истото со пешачење. Земајќи го во предвид целиот сообраќај и времето изгубено во бескрајни колони, најверојатно дури и ќе избегнете стрес и вознемиреност.

Медитирајте

Медитација не е само кога седите во положба на лотос, обидувајќи се да достигнете мир и спокој. Медитацијата при пешаење во основа е само обид да достигнете фокус додека чекорите. Како се чувствува вашето тело додека пешачите?

Фокусирајте се на вашето дишење, продлабочете го здивот. Како мириса воздухот? Дали размислувате за работата? За нешто од минатото или од иднината? Наместо тоа, само обидете се да бидете во сегашниот момент.

Стилизирајте ја вашата удобност

Последно, но сигурно не и најмалку важно. Обувките се важни. На крајот на краиштата, пешачењето започнува со нозете и она што го носите е клучно. Затоа, не земајте ги кој било пар чевли што ги имате. Изберете обувки што прават да се чувствувате и да изгледате добро. Двете се подеднакво важни, а кога носите стилски комфор, ќе се чувствувате охрабрени да пешачите подолго.

И најдобриот дел, не ви требаат десетици различни чевли за различни прилики. Ако изберете обувки со поддршка за стапалата, а со современ изглед, можете да пешачите директно од работа до град или од град до парк. Изберете обувки што го следат и го охрабруваат вашиот животен стил.

Наша препорака? Новите Walkmaxx Тренд патики со рамен ѓон.

Наменети како совршена комбинација на врвна удобност и модерен дизајн, тие се „тој пар обувки“ за пешачење во секакви ситуации: во природа, во град, на работа, на патување.

Нивниот уникатен дизајн со рамен ѓон овозможува да се лизнете во нив буквално за 3 секунди и подготвени сте за прошетка. Она што е посебно во врска со овој совршен пар е мекиот плетен материјал на горниот дел кој дише и е исклучително прилагодлив на формата на стапалата.

Јадрото на патиките е изработено од ЕВА пена која им дава стабилност на стапалата, и покрај теренот или тежината на поединецот. Надворешната обвивка на чевлите обезбедува одлична стабилност и е совршен материјал со отпорност на лизгање.

За мажите има три прекрасни бои; темно сина, црна и сива, а дамите имаат четири опции; темно сина, црна, сива и преубава ментол нијанса.

Текст и фото: ПР, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.