Кафе ресторан за големи и мали сонувачи

Милано ја има Пјаца дел Дуомо, Рим го има плоштадот со фонтаната „ Треви“ каде се служи најубавиот сладолед во Италија, но Скопје го има кафе-ресторанот “ Дежаву„ каде може да пробате дури 40 вкусови од лиценцираниот сладолед од брендот “Џелато“. Кафе-ресторанот “ Дежаву“ се наоѓа во скопската населба Аеродорм во Т.Ц. “Капитол мол“ и се протега на површина од 1.500 метри квадратни. Во склоп на ресторанот, лани се отвори “ ДежаВу-Ленд“ една од најголемите игротеки на балканот каде има голем број на играчки за деца и возрасни со најнова 9Д технологија. Игротелката се простира на површина од 600 метри кавдратни и заедно со ресторанот има капацитет до 600 места, а нуди луда забава и е одлично место за детски родендени. Работи од 8 часот наутро, па се до полноќ. Игротеката оваа година е застаклена и со специјално греење што дополнително придонесе за удобноста во истата. Оваа оаза среде скопското сивило на општината Аеродром и доесе вистинска свежина и место повеќе за уживање. Интересно е тоа што менаџментот на “ Дежаву“ ставил акцент и на холтикултурното уредување, па така целото место личи на тропска оаза на ретки егзотични рестанија. После 4 години постоење, “ Дежаву„ стана и туристичка атракција за голем број странци кои го посетуваат Скопје. Овде може да се видат голем број јавни личности, како и фаци од шоубизнисот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.