Излезе од печат новиот роман на најмоќниот женски глас на светската книжевна сцена

Што ако по смртта човековиот ум продолжува да работи уште неколку скапоцени минути? Или, поточно, десет минути и триесет и осум секунди...

Очекувајте енергични, сликовити описи што ќе ви ги отворат очите за животот на Средниот Исток проткаени низ трогателната приказна раскажана во препознатливиот, прекрасен стил на Шафак

Издавачки центар ТРИ со задоволство ве информира дека излезе од печат „10 минути и 38 секунди во овој чуден свет“, новиот роман на Елиф Шафак, најмоќниот женски глас на светската книжевна сцена.

Елиф Шафак отсекогаш умеела преку сложеното ткаење на возбудливи приказни да пренесува важни мисли за љубовта, верата, културата, слободата на изразување, феминизмот и улогата на жената во светот.

Нејзиното најново дело „10 минути и 38 секунди“ има сѐ што може да очекуваме од Шафак – интригантност, посебен вид пријателство и сложен внатрешен живот на женските ликови по кои е одамна препознатлива.

Последните десет минути од животот на убиената проститутка Леила Текила се пренесени во сензуална приказна за една малтретирана но многу храбра жена, која останува човечна и покрај тоа што животот ја изневерувал на секој чекор. Секоја минута по нејзината смрт ѝ навраќа спомени: семејната тајна за нејзиното раѓање, детството во мирното турско гратче, бегството во Истанбул…

А секој спомен ја потсетува и на пријателите што ги запознала во клучните мигови од својот живот.

Елиф Шафак е повеќекратно наградувана британско-турска авторка и една од најчитаните писатели во Турција, која пишува за политичките и сексуалните табуа на нашето време.

Нејзините дела се преведени на педесетина јазици, а на македонски може да се прочитаат „Копилето од Истанбул“, „Четириесет правила на љубовта“, „Чест“, „Чиракот на архитектот“, „Трите ќерки на Ева“, и сега најновиот роман „10 минути и 38 секунди“.

Текст и фото: ПР

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.