ИутеКредит и Ерор Колектив организираат конкурс за дизајн на урбана опрема

Најдобрите проекти, избрани по систем на јавно гласање на социјалните мрежи ќе добијат парични награди

Во текот на месец декември, Ерор Колектив и ИутеКредит организираат конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за елементи од урбана опрема која ќе биде поставена во близина на седумте локации на експозитурите на ИутеКредит низ Македонија, односно во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Штип и Струмица.

Учесниците на конкурсот треба да дадат идејно архитектонско решение за скулптура/урбана опрема која ќе биде поставена пред или во близина на експозитурите и ќе биде инспирирана од логото на ИутеКредит. На конкурсот може да учествуваат сите правни лица регистрирани за вршење на дејност во областа на архитектурата и урбанизмот, како и физички лица дипломирани инженери архитекти и студенти по архитектура / дизајн на ентериер и мебел / уметници и сите оние кои имаат некаква инспирација на темата.

За учесниците во конкурсот достапни ќе бидат и двајца архитекти за консултации и насоки околу изработката на проектите.

Најдобрите проекти, избрани по систем на јавно гласање на социјалните мрежи ќе добијат парични награди и тоа:

  • Прва награда во износ од 500еур во денарска противвредност
  • Втора награда во износ од 300еур во денарска противвредност
  • Трета награда во износ од 100еур во денарска противвредност

Конурсот ќе биде активен до 28.12.2021, а сите детали за истиот може да се најдат на https://iutecredit.mk/errorkolektiv/.

Со овој конкурс, ИутеКредит Македонија сака да даде поддршка за развивање на креативната мисла и работење и да ги поддржи сите млади архитекти и здруженија во нивните проектни активности. За следната година, планирано е продолжување на овој проект преку неколку настани како и реализација на избраните решенија.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време