ИутеКредит доделува стипендија за постдипломски студии: Знаењето е нашата најдобра инвестиција!

ИутеКредит Македонија сметаат дека знаењето е најдобрата инвестиција во иднината

Како дел од грижата за генерациите кои доаѓаат и со цел овозможување на што подобро образование за сите, ИутеКредит Македонија во соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје, доделува целосна стипендија за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки.

ИутеКредит Македонија сметаат дека знаењето е најдобрата инвестиција во иднината, па токму затоа одлучија да им помогнат на идните академски граѓани во земјата да добијат што е можно подобро образование, кое подоцна ќе го преточат во квалитет и успешно работење.

Првата стипендија која ИутеКредит ja обезбедува за академската 2021 година е за постдипломски студии на Факулетот за деловна економија и организациони науки, а конкурсот за истата ќе биде отворен на 10.12.2020 год. и ќе трае до 30.12.2020 год.

Изборот на студент кој ќе ја добие стипендијата ќе биде направен врз основа на претходниот успех на студентот (просек 8), како и квалитетот на изработено истражување на тема “FinTech in Macedonia – Opportunities and Challenges.” Финтек индустријата во светот, а и во Македонија е особено актуелна и ќе биде интересна тема за анализа и стекнување на нови познавања во оваа релативно нова област кај нас.

Ги повикуваме и охрабруваме сите заинтересирани студенти да се пријават на конкурсот и да станат потенцијални стипендисти на ИутеКредит Македонија.

За ИутеКредит

ИутеКредит е основанаво 2008 и е водечка европска компанија за лично финансирање. Преку своите подружници групацијата е специјализирана за потрошувачки кредити, а користи учество и кредитен капитал. ИутеКредит во моментов ги услужува клиентите на Молдавија, Албанија, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.

До 31ви Март годинава, 300 лица вклучувајќи го и менаџерскиот тим и ИТ тимот, опслужија 150.000 активни кредитни клиенти и работеа со база од 430.000 корисници.

Кредитните производи на ИутеКредит се необезбедени потрошувачки кредити со рок на отплата помеѓу 1 и 36 месеци и автомобилски обезбедени кредити со рок на отплата до 60 месеци.

Мисијата на ИутеКредит е да создаде исклучително корисничко искуство во личното финансирање преку надминување на очекувањата на клиентите.

www.iutecredit.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.