Исплатена е првата 6ка од Лото 7, со вредност од околу 20.000 евра

Денес е исплатена првата голема добивка 6ка во вредност од 1.219.621 денари, од првото коло Лото 7

Добитничка од Скопје уплатила на првиот ден од почетокот на приредување на играта Лото 7 во среќното место во Рамстор Мол

Л. М од Скопје е првата среќна добитничка на 6 погодоци од првото коло на новата игра на среќа на Државна лотарија – Лото 7 чија вредност изнесува неверојатни 1 219 621 денари и тоа благодарение на црвеното топче кое при неговото извлекување има улога да ги удвои категориите добивки на 4ка, 5ка и 6ка. Нашата добитничка одиграла две комбинации и уплатила два Џокер броја. За вкупно 80 денари, таа денес доби околу 20.000 евра.

Л. М видно возбудена, денес ги посети просториите на Државна лотарија да ја подигне својата добивка, да ни ја раскаже нејзината приказна и да го поздрави новиот концепт на Лото 7 затоа што, како што рече, поголемите добивки и поинтересната игра се уште поголема мотивација за народот да си ја проба својата среќа.

Интересен факт е дека нашата добитничка уплатата ја извршила уште на првиот ден од почеток на играта, во недела на 21ви април, и со тоа е една од првите играчи кои ги уплатиле своите среќни бројчиња со новите Лото 7 ливчиња на нашето среќно место во Трговскиот центар Рамстор.

Л.М заедно со нејзиниот татко секогаш уплаќаат по две комбинации – броеви кои се составени од значајни семејни датуми. Често купува и инстант лозови, а има и убава навика своите блиски да ги изненадува со по неколку инстант лозови со надеж дека ќе им подари дополнителна можност за среќа. За 8ми март на своиет колешки им подарила инснат лозови Дијамант.

Среќната добитничка на љубителите на игрите на среќа им посака да бидат упорни и да не ја пропуштаат шансата да си ја проверат среќата со многуте можности кои ги нуди новото Лото 7 и Џокер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.