ISOMAR – Најчистата морска вода од Медитеранот

Користејќи ги благодетите на бактериски најчистата и минералошки најбогатата морска вода од Медитеранот (регионот на Чинкве Тере) COSWELL ги пласира производите ISOMAR

Од 1986 година тим на искусни фармацевти, хемичари и козметолози создаваат висококвалитетни и иновативни производи, комбинирајќи го најчистото, најбогатото и најдоброто од природата во 16 различни палети на производи со логото на EUROITALIA, којашто од 2008 година е дел од групацијата COSWELL.

Водена од грижата за здравјето, професионализмот и иновативноста, примарна цел на компанијата се задоволните клиенти и здравите пациенти насекаде низ светот.

Користејќи ги благодетите на бактериски најчистата и минералошки најбогатата морска вода од Медитеранот (регионот на Чинкве Тере) COSWELL ги пласира производите ISOMAR коишто со својот избалансиран состав нудат лесно и брзо одржување на секојдневната хигиена на носот, ушите, устата и очите.

13281

Широкиот спектар на производи овозможува делотворна заштита од настинки, инфекции, воспаленија, респираторни алергии, синуситис, ринитис, иритации, печење и чешање на очите, кои се јавуваат како резултат на штетното влијание на бројни алергени, патогени, вируси, бактерии, прашина, чад, полен и сл.

Настинките, алергискиот ринитис се многу чести заболувања кои предизвикуваат умор при дишењето и затворен нос. ISOMAR Деконгестивен Спреј со хијалуронска киселина е хипертоничен раствор базиран на морска вода и хијалуронска киселина специјално дизајниран да постигне деконгестивно дејство на носните мукозни мембрани.

Производите на ISOMAR можете да ги најдете во аптеките на ЕУРОФАРм и во сите подобро снабдени аптеки.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.