Искусете го богатството на бесконечниот извор на хидратација

Приказната започнува во живописниот град Авен, на југот на Франција, покрај бреговите на реката Орб, за потоа таа приказна да прерасне во врвна нега од неоспорните својста на чистата и природна вода, проучена од научници.

Потекнувајќи како чист дожд измешан со спреј богат со минерални соли, термичката изворска вода Avène го прави своето 50-годишно патување низ планините Севен во Авен, Франција, денес главен извор на хидратација во борбата со многу проблеми на секој тип на кожа.

Најнов производ во линијата за целосна хидратација на кожата е HYDRANCE AQUA-GEL, all-in-one производ кој е инспириран од азиската рутина за убавина, формулиран во Јапонија и направен во Франција. Го хидрира површинскиот слој, ја смирува и детоксицира кожата, во само еден чекор, а може да се користи за дневна нега, ноќна маска која се нанесува во подебел слој и нега за пределот околу очите.Неговата хидратантна и екстремно освежувачка гел-текстура и дава на кожата мекост,еластичност и сјај во текот на целиот ден.Наменет е за сите видови дехидрирана,чувствителна кожа на која и е потребна соодветна докажана нега. HYDRANCE AQUA-GEL е производ кој се прилагодува на сите потреби и на различните животни циклуси на кожата, благодарение на повеќекратните дејства и можностите за примена.Благодарение на неговиот состав, ја хидрира, смирува и детоксицира кожата со само едно аплицирање.Патентираниот КОХЕДЕРМ КОМПЛЕКС, обезбедува интензивна хидратација, додека пак термалната изворска вода Avène има докажано смирувачко и анти-иритирачко дејство.Уште една голема придобивка е комбинацијата на ПРЕ-ТОКОФЕРИЛ + ДЕКСТРАН-СУЛФАТ која помага кожата трајно да се хидрира од ден на ден и да се заштити од оксидативен стрес.Дел од линијата на Аvene Hydrance е и Hydrance LIGHT Hydrating Emulsion-Лесен хидратантен крем кој обезбедува долготрајна хидратација и помага да се спречи испарување на водата од кожата. Мазноста и осветленоста се обновуваат, а фините линии за дехидратација се минимизираат(за нормална до комбинирана кожа).Потоа, не помалку важен за проблемот на сува до многу сува кожа е Hydrance RICH Hydrating Cream кој претставува богата, кремаста хидратантна крема и ги обновува природните резервоари за влага, обезбедува 24-часовна хидратација, оставајќи ја кожата веднаш освежена и сјајна.

Овие и многу други производи на Avène  може да ги најдете во сите подобро снабдени аптеки.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.