„Хемофарм“ со благодарност до сите здравствени работници: „Ви благодариме што останавме силни заедно“ (ВИДЕО)

Компанијата „Хемофарм“, која е лидер на фармацевтскиот пазар во Србија и во регионот, им се заблагодари на сите здравствени работници за огромниот удел и пожртвуваниот придонес во борбата против пандемијата со коронавирусот.

Ова е еден од најтешките предизвици со кои се соочуваме, бидејќи вирусот е непредвидлив“, стои во видеото што оваа компанија го објави на својата веб-страница и јутјуб-каналот. „Но има нешто што можете да го направиме сите: не предавајте се никогаш! Затоа ќе продолжиме да снабдуваме со лекови. Ние ќе продолжиме да се грижиме за здравјето на луѓето како доверлив партнер. Но пред се’, ќе продолжиме да веруваме во оние што се соочуваат со овој предизвик.“

Компанијата „Хемофарм“ им се заблагодари и на сите фармацевти што обезбедуваат важни лекови за луѓето и решаваат барем една грижа во услови на оваа криза.

Текст: ПР

Видео: Јутјуб

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.