GEOX – колоритна женска колекција за пролет/лето 2019

Стилски изненадувања и софистицирана технологија за секојдневна елеганција во топлите денови кои доаѓаат

Храбри форми, интересни детали, невообичаени комбинации и оригинална интерпретација на класиците се носечки во колекцијата на Geox за пролет/лето 2019. Брендот останува лојален на посветеноста кон високо развиена технологија, која овозможува чевлите да дишат, да бидат водоотпорни и удобни.

Спортските чевли и мокасините со впечатлив ѓон, се предвесник на главните теми за сезоната, а доаѓаат во бела и боја на карамел, изработени се од превртена кожа со разновидни додатоци, како ленти, мали нитни, и елементи со питон принт. И кај летните модели, сандалите и папучите присутни се овие декоративни елементи, а се дополнети со мноштво од овои, како бежова, црна и бронзена.

Дел од летните модели доаѓаат во форма на едноставни, рамни модели, додека пак дел се на повисока потпетица или полна пета. Поелегантите модели се во палетата на златна и сребрена, со ремчиња и детали кои им додаваат атрактивност на нозете.

Дел од моделите на класични патики, Небула, сандали со отворени прсти и балетанки се инспирирани од модата на 90-тите и на игрив начин со пастелни тонови и специфични принтови ја доловуваат женственоста на оваа декада.

Уникатни за сезоната се и хибридните модели на сандали/патики со впечатлива естетика изразена преку контрастни графички елементи во бело/црвена и црно/бела комбинација.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.