Гаранција за мир и спокој: Избегајте од градскиот метеж во „Магнолија Ресорт“ – Пониква!

Резервирајте го вашиот престој и подарете му на вашето тело и ум одмор каков што заслужуваат

,,Магнолија Ресорт“ е лоциран на 20 километри од градот Кочани, а поточно на 1,650 метри надморска височина во еден од најубавите туристички центри во Македонија – Пониква.

Опкружен со бујна букова шума и свеж планински воздух, ова место ви нуди и неверојатен панорамски поглед кон Осоговијата. Доколку сакате да избегате далеку од динамичното секојдневие и гужвите од градот, планинскиот амбиент и изгледот на ,,Магнолија Ресорт“ е токму она што ви треба.

Ова место претставува спој на пријатен амбиент, комфор и уникатен поглед и му овозможува на секој посетител да ја почуствува топлината и убавината на објектот и да ужива во целосното опкружување.

Собите и апартманите во ,,Магнолија Ресорт“ се луксузно дизајнирани со модерни и едноставни манири во релаксирачки тонови. Удобни кревети, мир, тишина и чиста еколошка средина се квалитети кои ,,Магнолија Ресорт“ ги нуди за сите посетители кои сакаат едно поинакво уживање по врвен квалитет и гостопримство, во пријатен и удобен амбиент.

Резервирајте го вашиот престој и подарете му на вашето тело и ум одмор каков што заслужуваат.

Телефон за резервација: +38978230929

Facebook: Magnolija Resort-Ponikva

Instagram: @magnolijaresort

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.