Феромони: Вашиот адут во играта на заведување!

Научниците ги нарекуваат феромоните „честичка на заведувањето“

Дали некогаш сте се запрашале зошто една личност ве привлекува и како успева да има таква опојна моќ над вас? Можеби звучи чудно, но тајната состојка на привлечноста и заведувањето се крие во секој од нас и работи на многу интересен начин, без воопшто да знаете дека тоа се случува. Се работи за мирисот, човековите жлезди и хемиските пораки наречени „феромони“. А, што се феромони?

Иако не постои општо признаена дефиниција за феромоните, тие најчесто се опишуваат како честички кои пренесуваат сигнали помеѓу организми од истиот вид, истовремено предизвикувајќи хемиска реакција кај двете страни.

Научниците ги нарекуваат феромоните „честичка на заведувањето“ и тврдат дека тие се иницијатор на чувството на привлечност, иако не можат да објаснат зошто телото и мозокот на човекот реагираат на тој начин кога ќе дојде во контакт со нив. Технички, тие се испуштаат преку мирисот, но самите феромони немаат мирис туку се само честички кои се пренесуваат преку него. Колку и да се мистериозни и прикриени, тие имаат силен ефект кај луѓето, посебно кога се работи за привлекувањето меѓу луѓето, човечките односи, блискоста, заводливоста и сексот.

Преку 50 години научниците, парфимериите и компаниите за производи за убавина се обидуваат да ги стават феромоните во шишенце и да ги продаваат како „состојка за инстантно привлекување на партнер“, но обидите скоро секогаш завршуваа неславно и никој не успеа да го најде вистинското решение. Сѐ досега!

 

Токму научниците на Орифлеим во соработка со две врвни парфимерки, Емили Коперман и Алиенор Масене, најдоа начин да ги употребат феромоните во функција на привлечноста и да креираат ново „оружје“ во играта на заведувањето. Magnetista е новата парфимирана тоалетна вода на Орифлеим која содржи состојки кои ослободуваат феромони, кои што ќе ја истакнат целата ваша сексуалност, истовремено правејќи ве попривлечна за мажите. Станува збор за уникатен мирис со живи и кадифени ноти добиени од цветот на страста Пасифлора, со неодолив и привлечен мирис кој поседува вибрантна енергија на заведување. Ја истакнува женската енергија и оригиналност, овозможувајќи мирисот да биде нејзиниот најсилен адут во привлекувањето. Благодарение на Magnetista, сите очи ќе бидат вперени кон вас секогаш кога ќе влезете во нова просторија.

Мирисот е поважен од било каква козметика, бидејќи влијае на вас и на луѓето околу вас, истовремено давајќи ви самодоверба и освојувајќи го туѓото внимание. Со комбинација од моќта на феромоните и опојниот мирис на цветот Пасифлора, нема да постои маж кој може да ви одолее.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време