FABUspot парфимерија на нова локација во City Mall: Поголем простор, ексклузивни брендови и специјални попусти

FABUspot ја отвора својата проширена парфимерија во Skopje City Mall, носејќи поголем простор и збогатена понуда.

Новиот продажен простор е конципиран според современите стандарди во индустријата и нуди проширен асортиман на висококвалитетни производи од реномирани светски козметички и парфемски брендови.

Посебен акцент е ставен на корисничкото искуство, преку персонализиран пристап и стручна поддршка од обучени бренд-консултанти. Со нов концепт, поголем простор и внимателно одбрана понуда, FABUspot на своите посетители им нуди уште побогато и поинспиративно beauty искуство.

Брендот, кој од 2016 година континуирано ја гради својата репутација на професионалност и ексклузивност, останува верен на својата мисија – да ги следи и носи најновите светски трендови директно до домашниот пазар.

Проширениот FABUspot не е само место за купување, туку дестинација за целосно beauty доживување во специјализирана просторија каде може да закажете некоја од следните услуги: обликување на веѓи и отстранување на влакна од веѓи и надусници со конец, brow lift и професионална шминка.

Новите услуги и унапреденото корисничко искуство се уште една потврда дека задоволството на клиентите е главната инспирација и двигател на брендот.

По повод отворањето, FABUspot обезбедува промотивен попуст од 15% на речиси целиот асортиман.

Понудата важи од 1.4. до 3.4. 2026.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе