Еве што треба да знаете пред да се одлучите за ласерска епилација: Текот на третманот со д-р Емилија Минова (ВИДЕО)

Најмодерен начин за отстранување влакна

Ласерската епилација е најмодерниот метод кој трајно ги отстранува влакната. Ласерскиот сноп дејствува врз фоликулот на влакното и го уништува од корен и му оневозможува раст во иднина.

По првиот третман се забележува промена, паѓаат од 20-30% влакна.

Потоа се јавува нова генерација на влакна, па затоа се потребни во просек околу 6 третмани за да се уништат последователно.

Подготовката за ласерска епилација неопходно треба да вклучи консултација со дерматолог од ординацијата во која ќе се изведува третманот. Со него ќе добиете одговор на сите прашања во врска со третманот, како се изведува, колку пати и на кое растојание се прават третманите.

Исто така, доколку смета дека е потребно, ќе ве упати да направите дополнителни испитувања, како хормонален статус.

Клиентите кои се алергични на сонце не се подобни кандидати за ласерска епилација, а оние кои моментално се на терапија со лекови кои можат да дадат фотоалергиска реакција, се советуваат да го одложат третманот по завршување на терапијата.

Упатства пред третманот:

1. Не е препорачливо да ги чупате или кубете влакната 2 недели пред третманот, туку само да се избричите.

2. Четири (4) дена  пред третманот, потребно е да се избричи областа каде што ќе се изврши епилацијата.

3. Деловите од телото што треба да се третираат со ласер не се препорачува да бидат изложени на сонце две недели пред третманот и две недели по третманот.

4. На денот на третманот, кожата мора да биде чиста, без шминка, кремови, парфеми и сл.

Трајното отстранување на влакна со ласер повеќе не е скап и недостапен третман, денес се препорачува да се направи трајна ласерска епилација од естетски, од практични, а и од здравствени причини, посебно кај мажите и спортистите.

Ласерската сонда ослободува инфрацрвена светлина во импулси и таа го загрева коренот на влакното. Светлината поминува низ средниот дел од кожата и се апсорбира во пигментот – меланин, така доаѓа до уништување на коренот на влакното. На главатa од ласерот има активно ладење, кое ја штити кошата од оштетување и ја отстранува болката.

Многу e важно, при овој третман треба да се користи соодветна медицинска козметика која е препорачана од дерматовенеролог.

Препорака на Аптека ДНА АННИ ФАРМ за нега на кожа пред и по ласерска епилација е медицинската козметика URIAGE.

URIAGE – Аптека ДНА Анни Фарм (annifarm.com.mk)

URIAGE Hyseac серум за лице за мрсна кожа со неправилности 40 ml.

Концентрат од моќни дерматолошки активни супстанции за неправилности на мрсна кожа.

Резултатите се видливи по 7 дена.

Ден по ден кожата е обновена и сјајна.

Во продолжение, погледнете како изгледа текот на третманот на ласерска епилација, кој детално го опишува д-р Емилија Минова.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.