Ексклузивна претпремиера на новиот албум на Крсте Роџевски овозможена од Теохаров аудио заедно со Божиновски фондација и Каре

Единствена можност за вип гостите да ја посетат претпремиерата на новиот албум на Крсте Роџевски

Теохаров аудио заедно со Божиновски фондација и Каре креираа незаборавно музичко патување во рамките на OFF програмата на фестивалот „Браќа Манаки“, преку кое вип гостите ќе имаат единствена можност да ја посетат претпремиерата на новиот албум на Крсте Роџевски.

„Како битолски бренд кој секоја година посветено, макотрпно и волонтерски сите свои ресурси и енергија ги посветува на организирањето на Off програмата на фестивалот, особено сме горди што оваа година споивме врвни и пасионирани луѓе кои и тоа како ќе ја збогатат годинешната програма. Среќни сме што заедно со Теохаров аудио и Каре успеавме на реновираниот Офицерски Дом и на сите посетители да им подариме незаборавно звучно искуство и неповторлива можност да уживаат во звуците на врвни звучни презентации насловена како ‘Legendary на Манаки’. Уште посреќни сме што вистинските љубители на брендот и ВИП клиентите ќе добијат ексклузивна можност претпремиерно да го преслушаат новиот албум на нашиот битолчанец Крсте Роџевски којшто е еден од првите поддржувачи на Божиновски фондација и проектот ‘Своч на кирилица’, велат од Божиновски часовници и накит.

За повеќе информации:

https://bozinovskifondacija.org/

https://swatchnakirilica.mk/

„Пред сè, задоволство ни е што на овој исклучителен фестивал имаме можност за заедничко претставување со Божиновски и Каре и преку програмата ‘Legendary на Манаки’ да ја пренесеме нашата  бренд филозофија: наука, уметност, музика“ – велат од Теохаров.

Како што објаснуваат од Теохаров Аудио, програмскиот дел вклучува четири типа на звучни презентации преку системот Legendary: „Legendary experience“, „Legendary на македонски“, „Филмска музика на Legendary“ и „Legendary во живо“.

Секој од тематските настани говори за различните можности преку кои Теохаров сака на посетителите да им овозможи уникатна и исклучителна можност за консумирање на музиката и уживање во квалитетниот звук.

Аудиопрезентациите започнуваат секој ден од 16, а согласно гореспоменатите наслови, освен отворените музички сесии, во рамки на истите ќе бидат претставени албуми од познати македонски музичари кои се секогаш вредни за преслушување како: „Мајчин јазик“ и „Live in Belgrad“ од Влатко Стефановски, „Македонисимо“ од Симон Трпчевски и „Македонското срце чука во 7/8“ од Браќа Тавитјан. Дополнително, во рамките на делот „Филмска музика на Legendary“ ќе се преслушува и филмска музика од македонски филмови и македонски композитори, концепт преку кој се нуди едно поинакво доживување на приказните.

Увертирата на целата поставка се разбира е претпремиерата на новиот албум на Крсте Роџевски, која со оглед на тоа дека ќе се презентира сè уште необјавен материјал ќе биде достапен исклучиво за ВИП гости – вистински љубители на добриот звук.

Атмосферата на поставката дополнително ја збогатува и Каре Македонија преку дизајнерскиот мебел, кој се одликува со впечатливост, елеганција и несекојдневност и кој ќе овозможи сосема ново доживување на просторот во Офицерскиот дом.

„Оff-програмата во Офицерскиот дом во Битола, која ќе можете да ја видите во рамки на фестивалот ‘Браќа Манаки’ става акцент на врвно визуелно-аудитивно доживување и повторно уметноста – во дизајнот на мебелот, на часовниците, аудиозвукот … Воедно, ова е одлична можност одново да ја искусите или пак одблиску да се запознаете со префинетоста и смелоста на мебелот од ‘Смарт Ливинг’ групацијата и нејзиниот бренд КАРЕ. Нема да ве остави рамнодушни, како и севкупната програма. Како што вели и мотото на брендот – ‘Радост на живеењето’, навистина чувствуваме радост, задоволство и уживање што сме дел од фестивалот со најдолга традиција кај нас, а во друштво на уште два големи бренда со кои правиме една уникатна и квалитетна приказна. Дојдете да ја споделиме радоста и да уживаме“ велат од КАРЕ Македонија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.