Една година постоење на брендовите Levi’s и Superdry во Скопје!

Супер активација за еден супер роденден

Добро познатиот бренд Levi’s го прослави својот прв роденден во Скопје минатата сабота, а следнава сабота својот роденден ќе го прослави и британскиот бренд Superdry!

Легендарниот бренд Levi’s живее со Скопје!

Прославивме една година откако Скопје живее со брендот Levi’s.

Оваа сабота, 21.09.2019 скопјани беа дел од еден поинаков настан организиран во продавницата Levi’s во Скопје City mall.

Сите заедно уживавме во урбаната атмосфера, одлична храна, тематски пијалок и евергрин парчињата со долгогодишна традиција.

За сите купувачи и посетители организиравме подарок изненадување по личен избор на самото место да си направат custom маичка со дизајн поврзан со градот Скопје.

Покрај прославата на првиот роденден присутните гости можеа да ја погледнат и новата есенска колекција од брендот Levi’s.

Една супер година со Superdry!

Британскиот бренд Superdry прославува една година во Македонија. За таа цел за сите љубители на брендот подготвивме интересен настан за една поинаква роденденска прослава. Бидете и вие дел од супер активацијата оваа сабота, 28 Септември со супер активности на Водно.

Фитнес тренерите од Kinetics Fitness Studio ќе се погрижат за најголемиот тренинг на отворен простор на врвот на Водно – Милениумскиот крст.

Ако сакате и вие да бидете дел од оваа супер активност подигнете го својот ваучер за учество во продавницата на Superdry во Скопје City mall на I кат и следете ја нашата агенда:

  • 09.00 – 09.30 часот пријавување на сите учесници и подигнување на стартен пакет на почетната станица пред ОУ КочоРацин.
  • 09.30 – 10.30 часот искачување до средно Водно.
  • 11.30 – 12.30 часот вежбање со  Kinetics fitness studio на врв на Водно.
  • 12.30 – 14.00 забава на врв на Водно.

Ве покануваме сите заедно да прославиме и супер да се активираме оваа сабота на Водно. Секогаш модерни и во фит форма со Superdry.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.