Две децении посветеност на здравјето и убавината: 20 години Ординација д-р Анчевски

На 15 ноември 2005 година беше испишана првата страница од приказната на ординација „Д-р Анчевски“. Со визија и јасна цел, да се воспостави нов стандард во дерматологијата и естетската медицина во Македонија.

Тоа беше време кога дерматологијата во приватниот сектор во Македонија беше во зачеток, а идејата на основачите, проф. д-р Љубица Шутуркова  и проф. д-р Александар Анчевски, беше визионерска: да се создаде институција која за првпат ќе интегрира дерматовенерологија, дерматохирургија и естетска дерматологија, по пример на најразвиените светски центри.

Нашата визија и почетоци

Започнавме со еден лекар и две медицински сестри, д-р Анета Петрушевска, сестра Тања Тунева и сестра Александра Петровска кои и ден денеска се еден од столбовите на ординацијата.

Од самиот почеток визијата беше јасна, ординацијата да стане лидер во областа, да ја добиеме довербата на пациентите и да бидеме место каде што секој ќе може да добие најквалитетна здравствена и естетска услуга.

Денес, по 20 години континуирана работа, гордо можеме да кажеме дека низ нашата ординација годишно поминуваат илјадници пациенти, зад себе имаме повеќе од 200.000 задоволни пациенти и тоа не само од Македонија, туку и од странство.

Нашиот тим и професионалност

Клучот на нашиот успех е тимот, ниту најсовремените апарати не би ја постигнале својата цел без едуцирани и посветени професионалци зад нив. Во ординацијата „д-р Анчевски“ работат врвни специјалисти дерматовенеролози, обучувани во реномирани светски центри, и медицински сестри високо профилирани за оваа дејност.

Со постојано усовршување и вложување во знаењето, ние обезбедуваме највисок стандард на професионална грижа за нашите пациенти.

Ординацијата денес се разви во современ центар кој ги обединува:

  • Центар за дерматовенерологија и дерматохирургија
  • Центар за естетска дерматологија
  • Ласерски центар
  • Центар за коса

Лидерство преку иновации

Во изминативе две децении воведовме голем број современи методи и технологии, многу од нив за првпат во Македонија. Меѓу нив се:

  • Компјутеризирана дерматоскопија – ни дава уникатна можност за следење и навремено откривање на промени на кожата кои можат да водат кон карцином. Пред неколку месеци надоградена со нов и современ апарат.
  • Радиобранова терапија и дерматохирургија – можност за отстранување на голем број кожни промени со класична дерматохируршка техника и радиобранова технологија  за брзо отстранување со минимална траума.
  • Естетска дерматологија – ја промовиравме и ја работиме успешно од самото отворање. Тоа е поле кое најбрзо се развива и го пратиме во чекор со светските збиднување и најнови техники. Во делот на естетската дерматологија работиме современи процедури за корекција на брчки и ремоделирање на лице со Ботокс, различни видови на филери спрема индивидуалните потреби (филери за пополнување на усни,  јагодици, образи, врат, раце, филери за корекција на подочници, за корекција на нос) како и освежување со мезотераписки коктели,  пилинзи, PRP и комбинација на повеќе ласерски техники.
  • Ласерски центар – составен од апарати со најсовремена ласерска технологија, од неодамна надополнет со една од најмоќните платформи на Алма ласери и нов CО2 ласер,  кои ни овозможуваат широк спектар на ласерски, светлосни и ултразвучни технологии кои се користат за изведување на различни естетски третмани за ремоделирање и подмладување на кожата, методи за лекување на акни, лузни од акни, хиперпигментации, проширени капилари, црвенило, отстранување влакна, бришење тетоважи, третмани за обликување на тело, лекување на габични инфекции на нокти, вирусни брадавици, кератози и многу други…
  • Центар за коса – дијагностика, третмани и најсовремени методи за сите состојби на косата и скалпот.
  • Многу од овие техники  ординација „Д-р Анчевски“ ги воведе за првпат во Македонија, а со ваквиот пристап во изминативе 20 години се изгради како симбол на иновација, квалитет и доверба.
  • Ако пред 20 години естетските третмани беа табу тема, денес тие се дел од секојдневието. Македонците се сè повеќе отворени кон естетските и козметичките процедури, а ние сме горди што бевме дел од оваа трансформација и што ја изградивме довербата на нашите пациенти.

Нашата иднина – заедно со Вас

20 години е голем јубилеј, но за нас тоа е само уште една потврда дека сме на вистинскиот пат. Нашата визија останува иста, да бидеме водечка ординација во дерматологијата и естетиката, секогаш во чекор со светските трендови и секогаш максимално посветени на нашите пациенти.

Ви благодариме за довербата што ни ја укажавте во изминативе две децении. Вашето задоволство е нашата најголема награда и најсилна мотивација. Со гордост го славиме јубилејот, а со уште поголем ентузијазам чекориме во иднината – заедно со Вас!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе