Донација на јајце-клетки, сперматозоиди и ембриони: „Newborn Clinic“ во Скопје

„Newborn Clinic“ е специјализиран центар за инвитро-оплодување, кој постои 6 години. Покрај услугите за ИВФ со сопствени полови клетки, можеме да им помогнеме на пациентите што имаат потреба и од донирани јајце-клетки или сперматозоиди, како и дониран ембрион.

Newborn Clinic уште од самиот почеток соработува со светски сертифицирани банки за донирани јајце-клетки, сперматозоиди и ембриони. Клиниката има најдобра програма за дониран биолошки материјал, која им овозможува на пациентите решение и можност за остварување бременост.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

Во програмата за донирани сперматозоиди може да аплицираат парови што имаат дијагноза „азоспермија“ или, пак, самостојни жени кои немаат партнер и сакаат да остварат потомство. Додека во програмата за донирани јајце-клетки може да аплицираат пациентки кои имаат намалена оваријална резерва. Во донорската програма може да најдат решение пациенти кои имаат генетски нарушување и тоа им оневозможува здрава бременост.

Пациентите својот донор од банка може да го изберат онлајн во просториите на Newborn Clinic со помош од тимот. Секој донор се избира според фенотипски карактеристики (боја на очи, боја на коса, висина, тежина), крвна група, податоци за фамилијата и професија од специјализирана банка за сперма во Русија или во Данска. Секој пар може да нарача донор кој претходно не бил нарачан за други пациенти, односно за секој пар има посебен донор.

Биолошкиот материјал кој ќе се нарача пристигнува во замрзната форма и понатаму се чува во Newborn Clinic додека се направи ИВФ-постапка. Материјалот е со добар квалитет со што шансите за позитивен резултат се поголеми.

ПРОГРАМА ЗА СОПСТВЕН ДОНОР

Пациентките кои имаат можност да најдат сопствен донор нема потреба да нарачуваат јајце клетки од банка доколку донорот ги исполнува условите за донорство. Во оваа програма донорот ќе треба да направи одредени испитувања со што би се потврдило добро репродуктивно здравје.

Постапката за донација е легална и секој пар или самостојна жена која сака да аплицира треба да посети правник, нотар и психолог со кои Newborn Clinic соработува за консултација со цел да се  објасни легалната и правна процедура на целата постапка.

Програмата за дониран материјал на Newborn Clinic веќе повеќе години успешно им помага на пациенти на кои донацијата им е единствено решение.

Д-р Татјана Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист

Контакт:

NEWBORN CLINIC 

Адреса: ул. Илинден бр. 107, Скопје

Тел. +389 77 443 443

FB: newborn clinic-center for fertility

Insta: newbornclinicmk

www.newborn.mk

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.