Дочекајте го летото подготвени со HELIOCARE 360º

Фотопротективен лосион за атопична кожа и ултралесен и хидрирачки фотопротективен воден гел

Пробајте ги најновите производи на HELIOCARE 360º и дочекајте го летото подготвени…

HELIOCARE 360º педијатриски атопичен лосион во форма на спреј со SPF 50

Фотопротективен лосион за атопична кожа

HELIOCARE 360º педијатрискиот атопичен лосион во форма на спреј со SPF 50 е широкоспектрален фотопротективен препарат, кој содржи хипоалергена формула, тестирана на атопична и чувствителна (сензитивна) кожа, особено за децата над 2 годишна возраст. Содржи фотопротективни филтри, но и аргинин и глицерин, кои делуваат хидратантно и ја одржуваат функцијата на здрава бариера на кожата, која е нарушена кај чувствителната, атопична кожа.

HELIOCARE 360º педијатриски атопичен лосион во форма на спреј ги задоволува најстрогите барања за фотозаштита.

Содржи специфичен Fernblock®+ филтер, кој овозможува фотозаштита на кожата, нејзино обновување и моќна антиоксидативна активност, а кој штити од четирите типа на зрачење (УВ-А, УВ-Б, видливо и инфрацрвено зрачење), со истовремено неутрализирање и обновување на штетите на кожата, предизвикани од сончевите зраци.

HELIOCARE 360º педијатриски атопичен лосион во форма на спреј, е клинички тестиран под педијатриска и дерматолошка контрола. Формата на спреј овозможува соодветно и правилно дозирање, како и олеснета апликација. Исклучително нежна формулација, која лесно и рамномерно се нанесува на кожата, формирајќи заштитен, водоотпорен слиј (филм) на кожата.

  • Директно изложување на сонце, на новородени и мали деца, не се препорачува

Пакување: спреј шише од 250 ml

Предности:
  • Широк спектар на заштита (SPF50, PA++++, видливо и инфрацрвено зрачење)
  • Обновување на штетите предизвикани на кожата, предизвикани со сончање
  • Моќна антиоксидативна активност
  • Клинички тестиран врз чувствителна и атопична кожа
  • Спреј апликацијата овозможува едноставно, рамномерно нанесување
  • Хидратантен ефект врз кожата
  • Формирање на водо-отпорен филм на кожата
  • Хипоалерген производ
  • Тестиран под клинички педијатриски надзор
  • Тестиран под клинички дерматолошки надзор
  • Не содржи алкохол, парабени, октокрилен.
Оптимална и стабилна комбинација:
  • Хемиски заштитни филтри УВ-Б (СПФ 50) и УВ-А (РА++++)
  • Ексклузивен Fernblock®+ кој овозможува моќна фотоимунозаштита
  • Гликозилаза и екстрактот од зимска цреша (Physalis angulata), делуваат смирувачки и против-воспалително
  • OTZ 10 и биомиметички меланин, обезбедуваат заштита на кожата од ефектите на видливата
  • светлина и инфрацрвените зраци
  • Аргинин и глицерин делуваат силно хидратантно

HELIOCARE 360º ултралесен и хидрирачки фотопротективен воден гел SPF 50+

Неговата ултра-лесна, не-комедогена водена формула, за многу кратко време се абсорбира, оставајќи ја кожата хидрирана и обезбедувајќи комфорт во текот на целиот ден, а особено за време на сончање.

После нанесувањето, HELIOCARE 360º водениот гел SPF 50+, формира тенок, заштитен водоотпорен филм со проѕирен изглед, врз кој може да се нанесе и декоративна шминка. Заштитниот филм подеднакво штити и од сончевите зраци, но и од загадувањата од воздухот. Скоро-неприметниот проѕирен филм, го прави HELIOCARE 360º водениот гел SPF 50+ одличен избор за секојдневна употреба и за мажите.

Системот за хидратација на кожата е со продолжено ослободување, овозможувајќи максимална хидратација на кожата до 24 часа. Неговите карактеристики овозможуваат едноставна, секојдневна апликација и кај најчувствителната, атопичната кожа, без ризик од иритација на очите.

HELIOCARE 360º водениот гел SPF 50+, ги задоволува највисоките фотопротективни стандарди, а содржи Fernblock®+, специфични филтри, како и активни компоненти кои ја обновуваат кожата, односно делуваат моќно антиоксидативно.

HELIOCARE 360º водениот гел SPF 50+, заштитува од сите четири типа на зрачење (УВ-Б, УВ-А, видливо и инфрацрвено зрачење), неутрализирајќи и обновувајќи ги штетите на кожата, предизвикани од сончевите зраци.

Предности:
  • HELIOCARE 360º водениот гел SPF 50+, е тестиран под дерматолошки и офталмолошки надзор
  • Долготрајна заштита од УВ-А, УВ-Б видлива светлина и инфрацрррвени-А зраци со SPF50 и PA++++
  • Супермоќниот антиоксиданс Fernblock® го штити здравјето на кожата
  • Ензими за обнова на ДНК
  • Дополнителни антиоксиданси: витамини C & E, плус екстракт од зелен чај
  • Моментална, а долготрајна хидратација на кожата
  • Скоро без мирис
  • Тестиран на чувствителна, атопична кожа, и кожата околу чувствителни очи
  • Не содржи алкохол
  • Водо-отпорен
  • Не-комедоген
  • Соодветен за вегани

Пакување: туба од 50 ml.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.