Добре дојдовте во ОРЕШЕ

Ви треба ли спокој во душата дојдете во Ореше

Во централниот дел во Р.Македонија во Општина Чашка како во крошна свиено во прекрасните пазуви на планината Даутица на 850 метри надморска височина се наоѓа маијачкото планинско село Ореше. По течението на Орешка река десна притока на Бабуна, од крајот на XVII и почетокот на VXIII век селото е населено од мијачки родови од мијачките села од Западна Македонија. Архитектурата на куќите плени со својата архаична убавина.

Селото со својата добра географска местоположба располага со голем број природни ресурси и представува идеално место за развој на планинскиот туризам. Многубројните природни убавини ги дополнуваат црквите Св.Богородица и Св.Петка. Високо во планината се наоѓа манастирскиот комплекс Св. Ѓорѓија, плени со своето духовно православно градителство. Таму е се со раскошна убавина, таму се дише. Извонредната селска храна се бори со мирисот на природата.

По геревот сторен непростлив, Бог го протерал човекот од рајот, а тој копнеејќи по татковиот универзум си создаде свој микрокосмос – го изгради Ореше на Даутица планина користејќи единствена параметрија вода, земја, дрво, камен и љубов. Ореше е приказна. Ненатраплив монолог. Дијалог со времето со себеси.

Ореше со својата местоположба претставува идеално место за одмор и рекреација. Покрај манастиркиот комплекс кој ги нуди сите услови за престој природата и чистиот планински воздух ќе ве воодушеват со својата убавина. По течението на реката на местото наречено Ѓаолова воденица по кривулеста патека, во мноштвото зеленило ќе се појави убавиот водопад кој со својата бучност предизвикува восхит. Мелем за очите, а симфонија за слухот.

Село чисто мијачко. Чистиот планински воздух е примамлив за сите, а ние сме горди што нашите корени овдека се многу длабоки. Ви треба ли спокој во душата дојдете во Ореше.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.