Добивка од Шест погодоци во 9 коло од НовоЛото 7/34 исплатена во Охрид

Потрагата по седумката, продолжува и во 10 коло

Деветото коло на НовоЛото 7/34 одржано на 30.01.2019 година донесе добивка од 6 погодоци вредна 218.270,00 денари. Добитната комбинација е уплатена во Охрид, во продажното место Владија.

Љубен Крстеноски од Охрид е среќниот добитник на оваа добивка. Тој денес ја посети Благајната на Државна лотарија на Македонија, ја подигна својата добивка и ни ја раскажа својата среќна приказна. Г-нот Љубен повеќе од 20 години ги игра истите среќни броеви, а до сега само неколку пати имал помали добивки.

Ова е првата поголема добивка која му донесе 218.270,00 денари и која ќе ја искористи во кругот на семејството. И броевите кои ги игра повеќе од 20 години се броеви кои значат нешто во нивното семејство, среќни датуми, родендени и слично. Г-нот Љубен уплатил 10 комбинации по 20 денари , а добитна е третата комбинација, на која единствено не е уплатен бројот 21 од извлечените броеви во ова коло.

Потрагата по седумката, продилжува и во 10 коло, а нејзината вредност надминува веќе 16 милиони денари. Но секако не заборавјате да уплатите и џокер број бидејќи шестката во оваа игра надмина 3.500.000,00 денари.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.