„БОДИ М“ место каде што се негува далекупрочуената битолска убавина

Од една мисла за убавина, започната на 9 февруари, сега веќе далечната 2005 година, се роди „БОДИ М“. Тогаш како ваше катче за убавина, а денес, 16 години потоа е вистинска бјути оаза, во срцето на градот Битола. 16 години е создавано ова име за убавина, кое денес значи бренд.

Сместено денес во простор кој е направен по највисоките светски стандарди на спа центри, со опрема која е последен избор на козметологијата, со врвни експерти кои со години посветено работат во овој козметички центар, на кој пак доверба за лиценца му дале водечките светски брендови кои дозволуваат да се користи нивното име како лиценциран центар на избран круг врвни професионалци во кои се вложени години и години на едукација и практична работа.

Оваа адреса стои на листите на престижните компании од козметичката индустрија, кои го наградувале низ годините за најуспешна приказна на Балканот, во овој бизнис. Добитник е на престижни професионални признанија од Шпанија и Холандија.

„БОДИ М“ е приказната поврзана со убавите и негувани битолчанки, но на рафиниран, природен и ненаметлив начин. Последните години, довербата ја стекнаа и кај посилниот пол кој сé повеќе посветува внимание на својата нега и здравје.

Тоа е момент кој особено радува, бидејќи “БОДИ М“ е тука да го разубави секој Ваш чекор.

Многу посветеност, квалитет, врвна услуга и многу задсволни клиенти стојат зад ова име.

Вистината е една! Традицијата која е поврзана со тајната на онаа далекупрочуена убавина на битолчанки и битолчани, но на новото време се разбира, денес се создава и негува во ,,БОДИ М“.

Facebook: Body M

Instagram: body_m

ТikTok: bodym_

Teл.за контакт: 047/242-298

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.