Black Friday финале: Моментите на удобност почнуваат дома

Крајот на ноември секогаш носи посебна магија. Деновите се покуси, домот станува нашето омилено прибежиште, а желбата за удобност никогаш не е поголема.

Токму затоа, Black Friday финалето во Топ Шоп доаѓа во најдобар можен момент; со избор што го разубавува секое катче и го прави секојдневието малку помеко, поудобно, полесно.

Ова е времето кога си дозволуваме мал луксуз; да спиеме подобро, да готвиме со повеќе инспирација, да средуваме без напор и да се грижиме за себе онака како што заслужуваме. Со Дормео, секоја ноќ станува мал ритуал на мир и одмор. Со Делимано, кујната добива нов ритам и нова радост.

Ровус го претвора чистењето во задоволство, а Велнео ни помага да останеме во својата најдобра верзија, дури и во најтемните денови од годината.

 

Black Friday финалето не е само шопинг момент. Тоа е чувство, она мало „уф, баш ми требаше ова“ кога ќе се завиткаш во ново ќебе, кога ќе ја почувствуваш удобноста на душек што навистина те разбира, или кога ќе сфатиш дека еден мал уред ти заштедил време, енергија и нерви.

И затоа овој период е толку посебен. Последните денови од ноември доаѓаат со атмосфера на грижа за себе и за домот, со желба да си ја направиме зимата поубава, и со можност да го направиме тоа паметно – со попусти до 70% и дополнителни 10% на целото портфолио, што важат само до 30 ноември!

Black Friday финале во Топ Шоп – време е домот да ја добие топлината што ја замислувавте и моментите на удобност што навистина ги заслужувате.

Овие последни денови од месецот се совршено време да се почестите себеси или некого близок со нешто корисно, убаво и инспиративно.

И запаметете – финалните Black Friday попусти траат само до 30 ноември – последен повик за најдобрите цени и најтоплиот дом!

Текст и фото: ПР

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе