Biodroga – Врвна медицинска козметика и луксузна нега само во ПРИВЕ

Производите на Biodroga, како и третманите со истите, може да се најдат и добијат единствено во Приве

Повеќе од 50 години, убавината и негата на кожата е најголемата цел на врвната медицинска козметика Biodroga. Станува збор за германски дермо-козметички бренд кој сега е достапен и кај нас.

Производите на Biodroga се комбинација на најсофистицирани состојки, испитани и произведени во високоопремени лаборатории во Баден-Баден. Тестирани се од страна на врвни научници и дерматолози на различни типови кожа.

 

Одлична вест е тоа што отсега производите на Biodroga, како и третманите со истите, може да се најдат и добијат единствено во Приве и спа-центарот на хотелот Гарденија.

На 12.11 беше одржана презентација на оваа козметика од страна на Ивана Пашиќ, магистер по фармација и специјалист по козметика, токму во спа-центарот на хотелот Гарденија.

Присутните имаа можност да се запознаат со медицинската козметика на Biodroga, со изведбата на специјализираните третмани со овошни клетки и анти-ејџинг негата со матични клетки.

Повеќе информации за оваа козметика може да најдете на следниов линк: http://www.biodroga.com/en/home/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.