Бидете безгрижни и безбедни на своите летни патувања со „Вардар Експрес“

Вардар Експрес е водечка компанија за јавен превоз на патници во Северна Македонија која нуди квалитетни и флексибилни транспорти услуги за сите дестинации во земјата и во странство. Вардар Експрес обезбедува безбеден и удобен  автобуски превоз на нашите клиенти, вработени и воопшто сите корисници на нашите услуги. Со долгогодишно искуство од 30 години, ние сме компанија со компетентност, сигурност и интегритет. Познати сме како лидер на секој пазар во кој работиме, како компанија со најголема доверба за испорачување на економични и одлични транспортни услуги. Во склоп на Вардар Експрес е основана и Туристичката агенција Вардар Експрес Травел ,која е  водечка агенција за туристички турнеи низ целиот Балкан, обезбедувајќи како луксузни, така и економични туристички пакет-аранжмани за туристите од Европа и од источна Азија. Во одлична соработка со турските хотелиери и турските туристички агенции, Вардар Експрес Травел за кратко време го разви својот надворешен туризам со редовните летни пакет-аранжмани во сите турски одморалишта, со Кушадаси да стане нејзиниот знак на распознавање во летните сезони.

Визија

Ние силно веруваме дека групниот превоз на нашите патници треба да биде удобен и економичен. Како еден меѓу првите од 20 најпрестижни снабдувачи на јавен превоз во земјава и регионот, нашата Визија, којашто е длабоко вкоренета во нашите вредности и верувања, е да бидеме водечка компанија за јавен превоз на Балканот, препознатлива по својата доверба и сигурност и квалитетни транспортни услуги за разни групи на патници до сите дестинации во земјата, регионот и во странство

Мисија

Предводени од нашата визија, нашата Мисија е да ја добиеме лојалноста на нашите клиенти исполнувајќи ги највисоките стандарди за безбедноста во сообраќајот, преку обезбедување на лесна достапност, целосна сигурност во патувањето и најголема ефикасност на чисти и зелени возила. Ова ќе го постигнеме преку Пристап којшто бара прогресивно партнерство што ќе генерира одржливи придонеси за нашите услуги кон нашите клиенти и кон општеството. Со нашата современа етика на работа и докажаната историја на успех, ние силно веруваме дека Вардар Експрес ги исполнува сите потребни услови за квалитетен избор. 

30 + Години Искуство

2,450 + Задоволни Клиенти

1,250 + Професионални Тури

250 + Топ Дестинации

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.