60 години Хемофарм: „Со нас животот победува“

Да се биде одговорен за  здравјето на другите е богатство и привилегија – Хемофарм

Компанијата Хемофарм, која е лидер на фармацевтскиот пазар во Србија и во регионот, прослави 60 години постоење.

Цели 60 години примарната активност на компанијата е производство на квалитетни, ефикасни, безбедни и прифатливи фармацевтски производи.

Освен тоа, компанијата е посветена на континуирана иновација. Покрај истражување и развој на современи фармацевтски производи, Хемофарм посветува посебно внимание на одржливите деловни практики.

Пациентите секогаш се на прво место, поради што и во овој кризен период тие со сите сили се погрижија да ги снабдат граѓаните со доволна количина лекови, почитувајќи ги најстрогите мерки на претпазливост и заштитата на нашите вработени и сите корисници.

Нивниот строг систем за управување со квалитет обезбедува сигурност, квалитет и ефикасност на сите лекови во секое време, и посебни, строги заштитни мерки на сите вработени во нивното производство.

„Здравјето е одговорност кон својот дух и тело. Да се биде одговорен за  здравјето на другите е богатство и привилегија. Ви благодариме  што сте дел од тимот кој се грижи веќе 60 години. СО НАС ЖИВОТОТ ПОБЕДУВА“, изјавуваат од Хемофарм.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.