34.000 македонски студенти студирале и се обучувале во Европа преку Erasmus+

Европската Унија, преку програмата Erasmus+, им нуди на македонските студенти многу повеќе од студирање во странство – им нуди можност за раст, искуство, нови перспективи и отворање на европските хоризонти за нивното образование.

Со учество на повеќе од 34.000 млади од земјава, Erasmus+ е една од најзначајните европски програми за поддршка на образованието и младите.

Студирањето и обуките во земјите од ЕУ им овозможуваат на студентите да се стекнат со квалитетно знаење, практични вештини и меѓународно искуство, кои имаат трајно влијание врз нивниот личен и професионален развој.

Преку престојот во мултикултурна средина, студентите градат самодоверба, создаваат меѓународни пријателства и контакти, и учат да размислуваат пошироко – како европски граѓани. Erasmus+ придонесува младите да се подготват за реалните предизвици на современиот свет и да станат активни носители на позитивни промени.

Erasmus+ е доказ дека вложувањето во младите е вложување во иднината – за студентите, за земјата и за Европа.

Текст: PR

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе