Подарок за перфектен маникир: Лакови и стикери за нокти Еssence Pretty FAST

За 1 читателка

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Во рамките на априлската „У&З-лавина од подароци“, објавена во актуелниот број на списанието „Убавина и здравје“, „Саманта“ ќе израдува една читателка со подарок што ќе придонесе за совршен и модерен пролетен маникир – сет лакови essence Pretty FAST и стикери за нокти!

Пролетната линија на лаковите essence Pretty FAST дефинитивно ќе ви го олесни лакирањето на ноктите и ќе ви овозможи да си поиграте со боите на виножитото, кои ја сочинуваат новата палета. Се сушат во рок од 40 секунди, така што ќе можете брзо да ја усогласите бојата на ноктите со бојата на вашата облека дури и рано наутро. Текстот продолжува по огласот…

Лаковите се секогаш подготвени за употреба кога сте во движење и ги собира во секоја чанта благодарение на малото шише од 5 милилитри. Со шест ултратренди нијанси за избор, експериментирањето со шарени стилови ќе се најде дефинитивно на дневен ред! Кој може да одолее?

Сè што треба да направите за да станете потенцијална добитничка на подарокот, кој дефинитивно ќе ви помогне во секое време да имате убави, модерни и уредни нокти, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во мај.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.