Подарок за негуван и блескав тен: Лимитираната едиција CATRICE Beauty Booster наменета за 1 читателка на „Убавина и здравје“

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

Убавиот изглед започнува од нашата кожа – која е како совршено платно за убава шминка.

„Саманта“ подарува лимитирано издание составено од три серуми, мелем и спреј за фисирање на шминката од линијата CATRICE Beauty Booster.

Станува збор за висококвалитетни производи за нега на кожата, кои се развиени со специфични состојки, пријателски насочени кон кожата, во високо ефективни дози и со својства кои имаат позитивен ефект врз нејзината благосостојба.

Содржат витамин Ц + Б3 за здрав сјај, хијалуронска киселина за пополнување и хидрирање, како и пантенол за смирување на иритираната кожа.

Бустерите се оптимално насочени кон задоволување на најважните потреби на кожата и погодни за разни типови кожа, а нивното пакување ги прави лесни за вклучување во нашата рутина за убавина.

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Саманта“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во јуни.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

 

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време