Подарок за кожа нежна како свила: Dalton Jordan Dead Sea Salt Body Emulsion

Идеална за сува кожа склона на алергии

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Витаком“ ѝ подарува на една читателка на мајскиот број на „Убавина и здравје“ емулзија за тело со
соли и минерали од Мртво Море на брендот Dalton.

Солта од Мртвото Море има антивоспалително и смирувачко дејство, ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата и ја смирува и омекнува кожата.

Jordan Dead Sea Salt Body Emulsion помага да се создаде здрава бариера на кожата, го намалува чешањето и ги ублажува симптомите поврзани со егзема/неродермитис, псоријаза и иритации.

Содржи:⠀
– соли од Мртво Море
– уреа
– пантенол (витамин Б5)
– камилица
– јојоба масло

 

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Витаком“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во јуни.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

 

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.