Подарок за 1 читателка: Висококвалитетна компактна пудра со заштитен ефект Heliocare

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Аптеките „Еурофарм“ на една читателка на ноемврискиот број на списанието „Убавина и здравје“ ѝ подаруваат компактна пудра за лице за дневна употреба со висок степен на заштита Heliocare.

Го содржи единствениот биолошки филтер FERNBLOCK® (тропски екстракт од лисја од папрат). Има антиоксидантни, регенерирачки и заштитни ефекти врз кожата. Се препорачува за мешана, мрсна и за кожа подложна на акни. Лесно се нанесува на лицето, измазнувајќи ги и маскирајќи ги несовршеностите на кожата.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во декември. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.