Подарок за 1 читателка: Сет производи Midnight Blue за богата нега на лицето (ФОТО)

Едноставно, но доволно

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Олпео“, специјализираната продавница за корејска козметика, подарува сет производи Midnight Blue за богата нега: маска, крем и серум од брендот Klairs.

Klairs е бренд за функционална козметика за чувствителна кожа, кој ја почитува убавината на животната средина и воспоставува здрави вредности во поглед на планетата. Создава едноставни производи кои не содржат агресивни супстанции и ги содржат само неопходните и ефикасни состојки.

Произодите не се тестирани на животни.

Klairs се труди да им пружи на своите клиенти производи со највисок квалитет достапни по разумни цени.

Klairs Midnight Blue Calming Sheet Mask е лист-маска со црна ткаенина која содржи бамбус и јаглен, потопена во богата смирувачка есенција.

Благодарение на еритролот кој го содржи оваа есенција, маската ја смирува кожата и ја намалува температурата.

Благодарение на екстрактот од азиска центела, таа има антиинфламаторно дејство. Ефикасна е во прочистување на порите.

Погодна е за мрсна кожа, чувствителна кожа, иритирана кожа, кожа со проширени пори и вжештена кожа.

 

 

Висококонцентрираниот Midnight Blue Youth Activating Drop серум го зголемува сјајот на кожата, суштински го подобрува тенот и ја поттикнува кожата да создава колаген. Со поттикнување на клеточна активност на обновување, овој серум ја разубавува, негува и ревитализира кожата.

Го поттикнува процесот на обновување на кожата со што ја подобрува нејзината текстура и еластичност, ги намалува пигментациите како што се старечки флеки и ја намалува појавата на фини лини и брчки. Наутро и навечер се нанесува на региите на лицето кои имаат потреба.

Изненадувачки факт е што мистериознo сината боја, не се должи вештачко обојување, туку на една од неговите состојки од природно потекло: гвајазулен, растителна состојка добиена од камилица.

Midnight Blue Calming Cream е нежен крем богат со азулен, кој пријатно и брзо ја смирува сензитивноста. Мала количина од кремот се нанесува на областа на која и е потребно смирување, наутро и навечер по нанесубвањето на тонер и серум.

Изненадувачки факт е што мистериознo сината боја, не се должи вештачко обојување, туку на една од неговите состојки од природно потекло: гвајазулен, растителна состојка добиена од камилица.

Доколку сакате да гo добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата.

Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.