Подарок за 1 читателка: Серум за лице со колаген Collistar Attivi Puri

За помлад и посвеж изглед

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Еликсир ексклузив“ ќе ѝ подари на една читателка на јулскиот број на „Убавина и здравје“ серум за лице со колаген Collistar Attivi Puri.

Серумот е суперефикасен во борбата против стареењето на кожата, бидејќи чистиот активен колаген обезбедува интензивно и насочено дејство кое помага во борбата против губењето на тонот и еластичноста на ткивата на кожата и спречува појава на брчки, намалувајќи ги постојните.

РЕЗУЛТАТИ: По првото нанесување, кожата е позатегната и помазна. Потоа, од ден за ден, станува поцврста, покомпактна и еластична, брчките и линиите се помалку видливи, лицето добива помлад и посвеж изглед.

КАКО ДО ГО КОРИСТИТЕ: Нанесете Attivi Puri® со лесна масажа наутро и / или навечер на совршено исчистено лице и врат.

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Елискир ексклузив“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во август.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.