Природна купка Grown Alchemist – ПОДАРОК за 1 читателка!

Измијте ги грижите и оставете кожата да изгледа мазна, здрава и ревитализирана!

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

Во рамките на тековната „У&З-лавина од подароци“, објавена во новиот број на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“, компанијата „ДП лукс“ ќе израдува една читателка со природна купка за тело Grown Alchemist.

Ослободете го телото од стресот и темелно исчистете ја и освежете ја кожата со помош на овој хидратантен гел за тело со смирувачки и софистициран мирис на мандарина и нероли.

Овој гел за туширање користи природни ботанички средства за чистење – бергамот, кора од врба и камилица – за деконгестија со нежен пилинг.

Маслото од ливчиња од роза, маслото од шипка, јојоба и макадамија се комбинираат за нега, навлажнување и омекнување на кожата заради здрав, хидриран сјај.

Природно средство за миење тело, кое ја чисти и балансира кожата, без нејзино лупење или сушење , додека антиоксидансите во неговиот состав помагаат да се заштити кожата од агресорите од околината.

Измијте ги грижите и оставете кожата да изгледа мазна, здрава и ревитализирана!

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во февруари.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.