Овoј и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи.
Пакет-производи essence од „Саманта“ ќе замине во рацете на една наша читателка.
Оваа тренди-колекција внесува живи бои и свежа енергија во вашата рутина за убавина. Совршена за природен дневен изглед или интензивни нагласувања – оваа колекција носи сјај и го претвора секој ден во нешто посебно.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да нè следите на Фејсбук и на Инстаграм @ubavinaizdravje.mk, да оставите ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.
Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во април.
Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција со приложување лична карта. Исто така, важно е да напоменеме дека учесниците во лавината од подароци мора да бидат полнолетни лица!
Читајте нè! Забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!
Текст и фото: ПР