Подарок за 1 читателка од „Еликсир ексклузив“: Пилинг за тело и ББ-крем за лице Collistar

За врвна нега на лице и на тело

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

Парфимериите „Еликсир ексклузив“ на една читателка на февруарскиот број на „Убавина и здравје“ ќе ѝ подарат пилинг за тело и ББ-крем за лице од познатиот козметилки бренд Collistar.

Уникатен и неповторлив, најпродаваниот пилинг за тело. Односно ова не е само обичен пилинг, ова е скапоцено обновување на епидермисот на кожата која ги искористува придобивките од морето (таласотерапија) и одбрани есенцијални масла (ароматерапија) за да се подобрат ефектите од пилингот. Негова најсилна страна е синергетското дејство на мешавина од 90 типови морски соли со диверенцирана гранулометрија, стручно комбинирана со богат спектар на растителни масла и многу чисти ароматични есенцијални масла кои делуваат врз епидермисот.

Начин на употреба: на сува или влажна кожа, благо се масира. Се користи 1-2 пати неделно.

На кожата ѝ обезбедува третман 3 во 1. Ефективна хидратација подолга од 72 часа, заштита од сонце со СПФ 20  и  покривност на дамките и неправилностите благодарение на својствата на ББ-крем. Сето ова гообезбедува хидратантниот ББ-крем со СПФ 20 Collistar MAGICA BB + Detox, во кој вашата кожа ќе се вљуби.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во март.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.